Echo Look – надградба за Alexa која доаѓа со камера

Amazon претстави надградба или поточно додаток за Alexa. Echo Look е нова верзија на Echo којa доаѓа со паметна камера. Ова е прв уред кој ќе овозможи фотографирање без раце. Секако тука не завршуваат можностите на камерата.

Куп кул технологија е интегрирана со Echo Look. Корисникот ќе може да се фотогорафира или да сними видео. Ова понатаму ќе му овозможи на паметниот телефон да погледне како изгледа. Секако, не останува на ова. Уредот овозможува споредба на различни облеки и помош при избор на облека. Дополнително, корисникот може да ја разгледа облеката која ја носел.

Ова е овозможено од вештачката интелигенција, но и од модните експерти. Корисникот може да фотографира две комбинации кои размислува да ги облече, потоа Alexa му покажува кој е подобар избор за него/неа. Секако Amazon ќе ја искористи оваа прилика да им препорача или рекламира различни парчиња облека.

Додавањето на можност за фотографирање во домот на компанијата која ќе направи сè само да ви продаде производи, не е најпаметно. Она што можеби е проблематично е што со камерата Amazon ќе има многу повеќе податоци за корисникот отколку што има сега. Продавницата ќе знае што имате дома, колку килограми имате, како изгледате. Дополнително, дел од експертите тврдат дека компаниjaта ќе знае дали корисникот е депресивен, дали очекува принова и слично.

Цената на новиот Echo e 200 долари. Уредот не достапен во продажба и заинтересираните купувачи треба да побараат специјална покана за да можат да го купат уредот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии