Earth Wallpaper Changer поставува позадини кои се сликаат од сателит

Оние кои чувствуваат одредена монотонија со стандардните начини за прикажување позадини, би можеле да го разбијат таквото чувство со инсталирање Earth Wallpaper Changer. Оваа апликација ги презема моментните слики од Himawari8, сателитот за време кој се наоѓа во геостационарна орбита над Австралија.

Најновите слики од планетата Земја можете да наместите автоматски да се преземаат и да се поставуваат како позадина за вашата десктоп површина или пак при отклучување на компјутерот (lockscreen функцијата).

Earth Wallpaper Changer e само за Windows 10 оперативниот систем, а најновата верзија станува пооптимизирана и целосно компатибилна со Windows Fall Creators надградбата. Дополнително, сега сликите се прикажуваат и сочувуваат во оригиналната големина, а со двојно кликнување ќе можете да ја прилагодите сликата да се прикажува на целиот екран (дополнително, намалување на сликата е можно и со ctrl+скролување со тркалцето на глувчето).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии