ЕА креира оддел само за е-спорт

Image courtesy of EA

Electronic Arts креираше сопствен е-спорт оддел EA Competitive Gaming Division, кој ќе го раководи ветеранот Питер Мур. Натпреварите ќе бидат организирани за сите игри на EA кои имаат мултиплеер поддршка, пред сѐ спортските симулации Madden, FIFA, NBA, но и игри како Battlefield. Ова нема да бидат први турнири организирани од Electronic Arts, но обемот сега ќе биде значително поголем.

Компанијата претходно организираше турнири како EA Sports Challenge Series и FIFA Interactive World Cup. Но, во моментот EA има сериозна конкуренција од Valve со Dota 2 и Riot Games со League of Legends, кои се убедливо на врвот кога организацијата на турнири во видеоигри се во прашање. Турнири ќе организира и Blizzard, но популарите наслови како Starcraft си го пронајдоа патот до љубителите и без организација од креаторот. Но, тоа што ја прави EA различна и во предност е што доддека другите се натпреваруваат во MOBA игра, EA има фантастични спортски симулации.

Компанијата најавува дека ќе го следи развојот на настаните, па и во фаза на развој компанијата предвидува можност за отстранување на модови во корист на натпреварувачка содржина. „Има работи кои луѓето не ги играат, податоците не лажат. Тоа ќе го елиминирате, ќе ги повлечете средствата од таму и ќе инвестирате во нешто поинтересно“, вели Питер Мур во интервју за IGN.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии