EA ќе воведе микротрансакции во сите игри

Откако им успеа со Dead Space 3, сега ЕА Games планира да воведе микротрансакции во сите игри. Изгледа дека покрај негодувањата на корисниците новиот бизнис модел „плати-да-победиш“ се покажал успешен.

„Ќе ја вградиме можноста за плаќање додека играте во сите наши игри, без разлика дали сакате да купите нов карактер, камион ново оружје или било што друго.“, изјави Блејк Јоргенсен, одговорниот за финансии во EA, за Eurogamer.

Не е грубо принудување на играчите да трошат повеќе пари, туку посуптилна понуда, оставајќи ја можноста отворена, како бомбоњера со бомбони кои ви се на дофат, вели Дан Вајтхед од Eurogamer, објаснувајќи ја идејата на EA.

Mикротрансакциите не се несвојствени за бесплатните MMO игри и помагаат во нивно популаризиирање на пример: Guild Wars 2, Star Wars: The Old Republic, Lord of The Rings Online или DC Universe. Но во бесплатните игри имплементирањето не предизвикува одбивност, а кога станува збор за игри кои чинат 50-60 долари наплаќањето за екстра содржини кои веќе треба да им се достапни на играчите е безобразно полнење на џебовите.

Времето ќе покаже дали микротрансакциите во сите игри се авантура на ЕА Games или паметно смислен потег, но судејќи според првичните коментари гејмерите не се задоволни.

1 коментар на “EA ќе воведе микротрансакции во сите игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии