EA Access претплатата со игри како Dragon Age и Mass Effect ќе се нуди преку Steam

За 4 евра месечно, Origin Access дава пристап до над 200 игри, како и 10% попуст и временски ограничена проверка на најновите наслови на ЕА. ЕА ја нуди оваа претплата на PC, PS4, како и XBox. Откако ЕА ги префрли сите нивни игри на Steam, нешто што се срамуваше да го направи долги години, сега се подготвуваат да го направат истото и со претплатата.

EA Access веќе доби посебна страница на Steam и објаснува дека оваа претплатничка услуга ќе биде достапна на PC играчите наскоро. По цена од 25 евра годишно, би можеле да ги проверите ремек делата како Dragon Age, Mass Effect, Titanfall, Battlefield, но и скриените хитови како Mirror’s Edge, Burnout Paradise, и слично.

Сеуште не се знае дали ЕА планира да овозможи Steam алтернатива и на Origin Premier. Оваа претплатна чини 100 евра годишно, но дава целосен пристам на апсолутно сите нови игри кои се на ЕА, заедно со комплетни едиции на многу други игри.

Electronic Arts games and EA Access coming to Steam, starting with Star  Wars Jedi: Fallen Order - Gematsu

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии