Е3 Еxpo 2011-та продолжува со Mass Effect 3, NSF: Run, Sims Social…

Презентацијата започна со Bioware-овата Mass Effect 3, и најавата дека играта ќе биде најдобриот дел од трилогијата, како и најавата дека третиот дел на Mass Effect за прв пат ќе излезе истовремено за трите платформи Xbox, PS3 и PC. Конечната развршница на играта може да ве натера да ги преиграте предходниците со оглед на тоа дека во најновото продолжение конечно ќе можете да ги видите последиците на вашите одлуки од предходните делови.

Следни презентираа Blackbox кои на публиката и го покажаа новиот продолжеток на серијалот Need For Speed: The Run. Послe толку направени продолженија навистина мислев дека нема можност оваа франшиза да не изненади, меѓутоа не е така бидејќи покрај делот со возење (бегање од Сан Франциско до Њујорк), играта има делови кои сега се играат пешки и некои делови кои помалку потсетуваат на акциона авантура. Ако на ова се додаде и делот дека во текот на кампањата ќе се натпреварувате со најдобрите времиња на вашите пријатели Need For Speed:The Run може да биде пријатно освежување.

Втората игра која ја презентираше BioWare, ММORPG играта Star Wars: The Old Republic е играта која јас со нетрпение ја очекувам, а на Е3 се појавува по трет пат. Навистина се надевам дека во гејминг презентациите ќе видиме повеќе за оваа игра бидејќи во овој дел ни прикажаа колаж од веќе презентирани видеа.

ЕА Sport се представи со FIFA 12 и NFL Madden12, кои ги најавија како најдобри до сега го презентираа и „player impact enginot” кој ќе треба да го зголеми реализмот при играњето. Презентацијата на Madden беше можеби најдобра на целиот прес бидејќи играта ја презентираа три NFL ѕвезди Ray Lewis, Clay Mаtthews и заштитното лице на NFL12 Peyton Hillis.

Sims го најавија онлајн продолжението на серијалот, Sims Social, овој пат вашите карактери ќе се преселат на Facebook. Не сум сигурен дали ќе има презентација на некоја друга Facebook игра на Е3, ама јас сигурно очекувам голем број на покани за преселување во соседства на Facebook :).

Партнерите на EA Games, 38 Studios и Insomniac Games ги презентираа трејлерите за својте игри The Reckoning и Over Strike. Според тоа што го видов се надевам дека првата е фантастична акција, а втората шутер, со оглед на тоа дека од презентацијата не се уверив дека е така земете го ова со резерва. Единствената игра која беше претставена со игриво демо на презентацијата е на швеѓаните Dice кои ја презентираа Battlefield 3. Визуелно скоро фотореалистична овој пат најавена е кампања, а групното играње се очекува да биде помеѓу сите платформи.

И покрај тоа што јас навистина се обидувам да ви ги доловам информациите и барем еден мал дел од атмосферата која владее на Е3 доколку сте фанатик по видео игри ве повикувам конференциите да ги следите во живо на страната на Е3 или на www.gamespot.com. А ако ве интересираат видеата можете да ги видите на http://www.origin.com/ од каде може и да ги нарачате игрите во предпродажба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии