E3 Expo 2011, надминувајќи ја фантазијата

Годинава на листата на излагачи помеѓу останатите се: Activision, Atari, Bethesda Softworks LLC, Capcom Entertainment, Inc., CE Projekt RED, Disney Interactive Studios, Electronic Arts, IGN.com, Konami Digital Entertainment, LucasArts, Machinima.com, Microsoft, Paradox Interactive, Perfect World Entertainment, Sony Computer Entertainment America, Sony Online Entertainment, THQ, Ubisoft Entertainment, Warner Bros. Interactive Entertainment… Целата листа можете да ја погледнете тука.

Со оглед на тоа дека излагачите ги држат во тајност своите дела до последниот момент тешко е веројатно дека со сигурност ќе може да кажеме кој што планира да претстави. Една од претпоставките за кој може да сме сигурни е дека Sony најголем дел од својата пресконференција ќе го помине во извинување кон своите корисници како и во уверување дека PSN е сигурна за користење, во останатите шпекулации постои можност Sony да ја представи новата рачна конзола во последните неофицијални податоци наречена Vida. Microsoft најверојатно ќе ги прикаже бројките од Kinect и се надевам некоја позабавна игра која ќе го користи Kinect. Според мене Nintendo ќе мора да презентира повеќе игри за своите конзоли, по можност некои екслузивни, се со цел да ја оправдаат довербата на купувачите на 3DS кои долго време чекаа игри за оваа конзола.

Листата на игри кои ќе бидат презентирани е навистина долга, но сепак мои фаворити се: Star Wars: The Old Republic и The Elder Scrolls V – Skyrim, сепак свој печат секако ќе остават и повратникот Duke Nukem Forever, Rage, Battlefield 3, Rift продолжението на Batman, Batman: Arkham City. Сепак за игрите на Е3 и останатите презентации ќе зборуваме откако ќе започне Е3. До тогаш се надевам дека Е3 и оваа година ќе го оправда своето мото „Exceeding the imagination”.

2 коментари на “E3 Expo 2011, надминувајќи ја фантазијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии