Е3 Еxpo '11: Ubisoft, Nintendo Wii U и Sony Move

UBISOFT

Покрај EA Games единствените издавачи на видео игри кои имаа прес-конференција првиот ден беа французите Ubisoft. Годинава тие прославуваат 25 години постоење, па почетокот на настанот беше колаж од игри со кои не забавуваа до сега. Како прва игра го претставија најновото продолженир на Rayman, Rayman Origins. Играта е аркадна и има можност за заедничко играње на двајца играчи. И покрај тоа што јас не сум љубител на аркадни игри луѓето од Ubisoft кои го презентираа демото изгледаа како да се забавуваат, па можеби и вие ќе уживате во оваа игра ако сте фан на аркадни игри или како помлади сте киснеле на флипери.

Презентацијата на блокбастерите на Ubisoft започна со Driver: San Francisco, тркачка симулација и продолжение во серијалот. И покрај тоа што играта е одлично направена сепак мој фаворит за тркачка симулација од досега презентираното е Need For Speed: The Run. Ако за тркачите симуалции релативно лесно се решив дека NFS повеќе ми се допаѓа, тоа секако не е случај со шутерите. Љубителите на овој жанр навистина можат да бидат задоволни до сега се презентирани Modern Warfare 3, Battlefield и Farcry 3, а секоја изгледа подобра од предходната.

Gearbox Software ја презентираа Brothers in Arms: Furious 4. Со оглед на тоа дека саемот се одржува во Лос Анѓелес изгледа дека на секоја презентација можеме да очекуваме појавување на некоја супер ѕвезда, на оваа презентација тоа беа режисерите Питер Џексон и Стивен Спилберг кои је презентираа авантурата инспирирана од филм The Adventure of Tintin.

Следеше уште една презентација на Tom Clancy’s: Ghost Recon Futer Soldier. Овој пат го презентираа кооперативноти играње со четири играчи. Исто така се најавени враќање на Ghost Recon на PC како и последната новина за овој наслов Ghost Recon Online. Во следниот дел беа презентирани игрите со Кinect поддршка меѓу кои: Raving Rabbits, Just Dance 3, Rocksmith и фитнес симулаторот Your Shape.

На крај на вечерта Ubisoft ја покажаа најочекувана нивна игра – последниот дел од Assassins Creed: Revelations. Според најавата во овој дел завршува приказната и долго очекуваното конечно соочување со главниот темплар. За разлика од презентациите на EA Games, Ubisoft во понуденото време успеа да презентира трејлери за наголем дел од игрите и гејмплеј. И покрај тоа што вистинското презентирање на игрите започнува во следните денови, издавачите на игри успеаа да не воодушеват.

SONY

Најочекувата пресконференција на првиот ден ја одржа Sony. Конференцијата доцнеше 20 минути, а започна со 3Д презентација на повеќе игри за Play Station 3. Пресот го водеше Џек Третон и ја доби неблагодарната задача да се извини на програмерите, продажните партнери и најмногу на корисниците на PlayStation Network, и мислам дека со хумористичен спин успа да со обрати до „слонот во салата”, како и да ги убеди потрошувачите дека PSN е повторно сигурен за користење. Овој дел од обраќањето заврши со податок дека активноста на PS мрежата е над 90% од активноста пред нападите, и објавувањето на CinemaNow кој ќе биде нов партнер на Sony за телевизија и филм.

Следеше презентацијата на еклузивитетите на PlayStation3, Naughty Dog го презентираше најновиот дел на огромниот хит Uncharted 3, а Insomniac Games го претстави својот хит Ressistance 3. И двете игри беа представени преку игриво демо и двете во 3D. Заедно со овие игри и неколку преработени хитови во 3Д, бројот на 3Д игри кој Sony ги нуди надминува 100. За да ја докажат својата посветеност кон 3Д концептот, Sony го најави својот 3Д пакет 24’’ дисплеј и пар 3Д очила за 499$.

Со следните неколку игри Sony го презентираше својот контролер „Move” , како и сите до сега, и Sony имаше своја супер ѕвезда кошаркарот на Lakers Коби Брајант, кој заедно со 2K Sports ја презентираше NBA 2K12. Следеа Medival Moves: Dead Man Quest, Little Big Planet 2, Starhawk и најавата за враќање на поранешниот PS ексклузивец Return of Sly Cooper. Во овој дел беа презентирани и двете најдоби игри на презентацијата inFamous2 и Bioshock Infinate. Во текот на целата презентација беше рекламиран Move контролерот и тоа нималку суптилно па после неколку повторувања станува одбивен.

Посебен дел им беше даден на EA Games кој и во овој дел од вечерта ги презентираа сноуборд симулацијата SSX, NFS: The Run и Battlefield 3. Во овој дел најинтересна презентација имаа исланѓаните CPP кој го презентираа новиот шутер Dust кој ќе се интегрира заедно со PC MMO играта EVE online. Последниот дел од презентацијата Sony го искористи да ја покаже новата преносна конзола Vita. Според покажаното Vita ја заслужува NGP (next generation portable) изгледа навистина моќно и веќе од сега некои студија работат на игри за оваа конзола. Контролирањето може да го правите со навигациони тастери или преку екран на допир.

Во најавените игри се Uncharted: Golden Abyss, MMORPG преку PSN Ruin и играта која ја перзентираа CAPCON StreetfighterXTеkken. Според најавата Vita има економична WiFi и делукс 3G цената на конзолата е 249 $/€ за WiFi I 299 $/€ за 3G верзијата.

NINTENDO

Последни од производителите на конзоли, а воедно и последен прес кој ќе биде одржан на годинешниов Е3 им беше доделен на Nintendo. Пресот започна со прослава на 25 години на Legends of Zelda игра која секако го одбележи гејминг искуството на играчите на Nintendo конзолите. Прославата беше направена на многу симпатичен начин со тоа што оркестарот кој беше донесен во халата ги отсвире 8 битните тонови звуци од 25 годишниот животен век на Zelda. Најавена беше и новo продолжение на Legends of Zelda серијалот која овој пат ќе излезе за сите Nintendo платформи. Специјално изненадување беше мултиплеер Zelda за 4 играчи во кооперативен мод и 3 против 3 најавата за новата Zelda 4 Swords. На крајот на на овој дел дизајнерите на Zelda им се заблaгoдаријаа на своте фанови за 25 годишната верност.

Во продолжение ја беа најавени неколку нови 3D наслови за преносната конзола 3DS меѓу кои Starfox, Kid Icarus: Uprising и неизбежните за Nintendo Мario Kart, Luigis Mantion 2 и Super Mario 3D, овојпат сите ремоделирани за 3D универзум.

По презентирањето на игрите за Wii помеѓу кои: Resident Evil, Metal Gear Solid: Snake Eater, Nintendo ja презентираа новата мултифункционална конзола/контролер Wii U. Новиот контролер е со екран на допит на кој можете да цртате, или да играте некои игри како на преносна конзола. Меѓу останатите функции контролерот може да го користите и за видео разговори, меѓутоа главната намена на контролерот му е да биде контролер на Wii, ќе може да се игра или на контролерот или комбинација на диспејот на контролерот и телевизорот. На платформата веќе се предвидени Darkside II, Batman Arcane City, Ghost Recon Onlinе, Aliens, Metro Last Light Tekken и многу други.

Незнам дали од содржините или од начинот на презентација ама Nintendo беа предолги и можеби досадни е преостар збор ама во недостиг на подобар ќе морам да го искористам.

1 коментар на “Е3 Еxpo '11: Ubisoft, Nintendo Wii U и Sony Move

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии