Е-трговијата со пораст од 23,8% во однос на бројот и 26,6% во вредноста на трансакциите во 2019 година

Ова е гостински текст на Филип Чижбановски, в.д. претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија


Народната банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба заклучно до 31.12.2019 година. Платежните трансакции со платежни картички се поделени во три различни категории засновани врз резидентноста на обезбедувачите на платежните услуги. Станува збор за следниве категории:

  • домашни платежни картички кои реализирале трансакции кон домашни e-commerce трговци;
  • странски платежни картички кои реализирале трансакции кон домашни e-commerce трговци;
  • домашни платежни картички кои реализирале трансакции кон странски e-commerce трговци;

Согласно податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб страната на НБРСМ бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во текот на минатата година покажува дека е-трговијата во земјава е во пораст. Во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8%. Од аспект на вредноста, исто така се забележува пораст. Во 2019 година вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и во странство, изнесува 176 милиони евра, што во споредба во 2018 година кога се реализирале 139 милиони евра претставува пораст за 26,6%.

Македонците потрошиле 169,2 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци

Македонците во текот на 2019 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, може да се забележи од порастот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, кон домашни и странски онлајн трговци. Имено, во текот на 2019 година македонците со домашни картички потрошиле вкупно 169,2 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 35,5 милиони евра (26,5%) во однос на претходната година.

Во оваа категорија, евидентно е дека зголемениот број на новоотворени онлајн продавници во Македонија, а со тоа и поголемата понуда на производи и услуги кои се нудат онлајн од страна на домашните компании, бројот на трансакции кон странски, односно домашни веб продавници е речиси идентичен. Конкретно, 50,2% од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 49,8% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија.

Можеме да заклучиме дека зголемената понуда на домашниот пазар, успева да ги задоволи потребите на македонскиот онлајн купувач и овозможува, наместо овие пари да се одлеваат во странство да останат кај домашните компании кои продаваат онлајн.

Расте бројот на трансакции направени онлајн кон македонските онлајн продавници

Имателите на платежни картички издадени во странство исто така го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите. Бројот на онлајн трансакции реализирани во 2019 година, во корист на виртуелни места на продажба во Македонија бележи пораст од 41,6% во однос на 2018 година. Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека во текот на 2019 година реализирани се вкупно 170.390 трансакции од страна на иматели на платежни картички од странска банка во корист на домашен трговец, односно, изразено во вредност вкупно 6,85 милиони евра се влеале во Македонија на име онлајн купување од странство.

Ако ја земеме предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во Македонија (68,83 милиони евра), надополнета со вредноста на онлајн трансакциите реализирани со странски платежни картички кон онлајн трговци во Македонија (6,85 милиони евра), можеме да заклучиме дека правните лица чија дејност претставува е-трговијата, односно вршат продажба на производи и услуги онлајн во Македонија приходувале вкупно 75,7 милиони евра во текот на 2019 година.

Во Македонија заклучно со 31.12.2019 година активни се 1.020 витруелни ПОС уреди

Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31.12.2019 година во Република Северна Македонија активни се 1.020 продажни места. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.  За период од една година, односно во текот на 2019 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 149 новоотворени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии