E-трговијата е се уште мала, но може да се подобри

Според МИО, позитивно е што се отвараат интернет продавници во Македонија, но кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.

„Анализата потврди дека отворањето на интернет продавница во Македонија не е многу голем напор, а не е ни голема инвестиција. Сепак, постојат уште можности за подобрување или олеснување на условите за функционирањето на интернет продавница.“, вели ИТ министерот Ивановски.

Во анализата се препорачува измена на неколку закони за подобрување на правната регулатива, примена на контролен механизам врз работата на интернет продавниците за да се заштитат купувачите од можни штетни последици, да се покрене иницијатива за поедноставно и поефикасно работење со платежните картички, како и да се покрене кампања за подигнување на свеста меѓу граѓаните како потенцијални купувачи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии