Е-трговија: 5 435 285 онлајн трансакции и потрошени 133,7 милиони евра во Македонија во 2018

Е-трговијата во Македонија е во пораст. Во 2018 година се реализирирани 5 435 285 онлајн трансакции, а вредноста на трансакциите изнесува околу 139 милиони евра, објави Асоцијацијата за е-трговија повикувајќи се на податоци Народната банка на Република Северна Македонија.

Ова според бројот на трансакции претставува пораст од 21%, а според вкупната потрошена сума во виртуелните места пораст од 18,79%.  За споредба, во 2017 година соодветните податоци се 4 293 285 трансакции и 113 милиони евра.

Најголем дел од трансакциите, 64% се кон странски продавници. Само 36% од купувачите средствата ги потрошиле во некои од македонските продавници. Она што може да ги радува македонските трговци е дека странците двојно го зголемиле бројот на трансакции кон македонските онлајн продавници. Бројот на трансакции со картички издадени надвор од Македонија е повисок 132%, а вкупната сума потрошена во овие трансакции е 78% повисока од 2017 година.

„Евидентно е дека поради ограничената понуда на производи и услуги кои се нудат онлајн во Македонија, поголем дел од трансакциите се насочени кон странски веб страни, односно странски онлајн продавници. Конкретно, 64% од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 36% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија“, констатира Филип Чижбановски, заменик претседател на АЕТМ.

Вкупно купувачите со македонски платежни картички и платежни картички издадени надвор од Македонија направиле трансакции кон виртуелните места за продажба во Македонија во вредност од 53,5 милиони евра. На крајот на 2018 година (31.12.2018) во Македонија се регистрирани 871 активно продажно место. Ова се продажни места кои се пријавени од петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

Повеќе детали се достапни на сајтот на НБРСМ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии