Е-спортот ќе биде дисциплина на Азиските игри

Азискиот олимписки совет објави дека на Азиските игри закажани за 2022 година, е-спортот ќе биде дисциплна во која ќе се освојуваат медали. Ова ќе биде прв пат видеоигрите да се појават на официјален спортски настан. Промената ја денесе новото партнерство на Азискиот олимиски совет (АОС) со Alisports. Кинеската компанија Alisports е е-спортскиот оддел на гигантот Alibaba.

„Би сакал да му се заблагодарам на Азискиот олимписки совет за довербата во Alisports. Заедно ќе работиме на обезбедување на спонзорства за Азиските игри; со нови можности и максимизирање на пазарната вредност. Ова ќе овозможи АОС да може да искористи максимум од бенифитите и придобивките“, вели Жанг Дажонг од Alisports.

Првите тестови, е-спортот во Азија ќе ги има на петите Азиски боречки игри во сала, во септември, објави организаторот. На овој настан досега се потврдени единствено натпревари во Fifa 2017. Тестовите на Азиските игри започнуваат веќе следната година на 18-те Азиски игри. До 2022 година и 19-те Азиски игри, е-спортот ќе биде во конкуренција за медали.

Азиските игри се континентален настан на кој учествуваат најголем дел од азиските држави. На игрите се одржуваат натпревари во повеќе спортови, минатиот пат, во 2014 година, учествуваа над 10.000 спортисти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk