Сопствениците на Philadelphia 76ers купија два е-спорт тима

Сопствениците на NBA тимот Philadelphia 76ers ги купија е-спорт тимовите на Team Dignitas и Apex. Станува збор за два професионални е-спорт тимови, а ова е прв случај во САД NBA тим да направи ваков чекор.

Тимот на Dignitas постои 13 години. Се натпреваруваат во: CS:GO, League of Legends, Overwatch, Heroes of the Storm и Smite. Тимот на Apex е многу успешен во League of Legends. Сегашниот сопственик на Dignitas, Мајкл „Odee“ О’дел ќе биде задолжен за двата тима.

Цената која сопственикот на Philadelphia ја плати за тимовите е проценета помеѓу 5 и 15 милиони US долари за тим. Главната причина за купувањето е интересот на помладите кои се помалку заинтересирани за традиционален спорт. Во просек секој љубител на е-спортот гледа пренос од час и половина.

„Сакаме да бидеме агенти на промените, а не да седиме и да гледаме од страна. Нашите сопственици Џош Харис и Дејвид Блицер имаат широк поглед, голема визија и апетит.“, вели Скот О’нил, директор на клубот.

Бројот на гледачи кои ги следат натпреварите е во постојан пораст. Во моментов се проценува на 250 милиони љубители, јави ESPN.

Во Европа сопствениците на Manchester City, West Ham и Wolfsburg регрутираа врвни играчи за својот е-спорт оддел. Разликата е во обемот на инвестицијата, европските клубови инвестираа во еден професионален играч, а во САД станува збор за цели тимови.

Освен Philadelphia, сопствениците имаат удел и во премиер лигашот Crystal Palace и NHL клубот од Њу Џерси Devils.

Професионалните спортисти се финансиери на неколку е-спорт тимови. Поранешните ѕвезди на Los Angeles, Рик Фокс и Шекил О’нил се заинтересирани за е-спортот. Г. Фокс е сопственик на Echo Fox, a О’Нил е партнер во NRG.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии