Е-спорт игрите може да започнат! Стартуваат турнирите за квалификации на светско првенство

Македонската еСпорт Федерација, во текот на викендов (16-ти и 17-ти септември) ги организира националните квалификации во е-спорт за учество на светското првенство.

Првиот турнир во мегапопуларната League of Legends ќе се одржи во текот на саботата во интернет клубот Инсомниа во Скопје. Најдобрите екипи, кои годинава учествуваа во националната еспорт лига, ќе се натпреваруваат за првото место, кое директно води на светското првенство во Бусан, Кореа, кое ќе се одржи во ноември годинава.

Во недела, на 17-ти, во гејминг клубот Ентити во Охрид, ќе се одржи вториот турнир во Counter Strike: Global Offensive. И во оваа дисциплина, најдобрите 8 екипи од првата лига ќе се натпреваруваат за учество на светскиот куп во еспорт, кој ќе се одржи во Кина, во декември оваа година.

Натпреварите ќе може да ги следите во живо на twitch каналите на МеСФ, почнувајќи од 12 часот во сабота и недела. Линкови до каналите ќе најдете на нивниот официјален сајт штом започнат стримовите.

Ова е втора година по ред МеСФ да организира национална лига во еспорт. Годинава, учестуваа вкупно 20 екипи во 2 дисциплини, кои 3 месеци се натпреваруваа за да се квалификуваат на завршниот турнир.

Македонската еСпорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на еспортот. Започна како член на World Cyber Games, за подоцна во 2013 година да стане полноправна членка на Меѓународната еСпорт Федерација – IeSF. ВО 2016 година станува дел од World Cyber Alliance, една од најголемите еспорт организации со седиште во Кина. Истата година, МЕСФ е примена и во Светскиот еСпорт Конзорциум, WESCO.

Досега, Македонија учествуваше на 8 светски и 2 европски првенства во еспорт. МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирање на ес-портот по примерот на многу светски држави.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии