E-pay е домашен сервис за примање пари од странство

E-Pay Macedonia е македонски сервис кој овозможува трансфер на пари во и од Македонија. Целта е трансферот да биде и брз и безбеден, и токму ова го прават во e-Pay.

Секако сервисот може да се користи и за плаќање на завршена услуга, иако не е баш веројатно дека ќе успеете да ги  убедите клиентите да ве платат преку непознат сервис.

E-pay е дело на ИГАЛ Гроуп – ДОО Скопје, а зад проектот е и Еуростандард Банка – Македонија. Плаќањето во целост е онлајн, иако за подигање на парите треба да одите до банка. По подигање на картичката од експозитура, корисникот може да плаќа директно од картичката или да ги извади пари.

Принципот на работа е преку „gift“-картички. „Купувачот“ одбира дизајн на картичка и сума, и ја испраќа до примачот. Добитникот на овие средства преку СМС и имејл добива известување за пристигнатите средства, вели marketing365.

Сервисот е достапен и за локално користење и може да ве спаси ако немате идеја што да купите за подарок  или ако сте заборавиле да купите  подарок воопшто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии