Е-Отпад: Како технологијата и штети на природата

Несоодветно фрлените електронски уреди и делови (е-отпад) претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи содржат токсични елементи кои се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите. Оваа категорија вклучува од уреди за домаќинството, како фрижидери и тостери, до ИКТ опрема, како лаптопи и паметни телефони,  уреди за широка употреба, како телевизори и mp3 плеери, до уреди како електрични бормашини и машини за шиење и списокот продолжува.

Во Македонија состојбата со е-отпадот сè уште не е алармантна, па затоа е вистинско време да се создаде систем за правилно раководење. Истражувањата покажуваат дека македонските домаќинства имаат најголем проблем со големите електрични уреди (шпорет, фрижидер и слично), додека со ИКТ опремата ќе се појави проблем во блиска иднина особено што оваа категорија на уреди и најбрзо се менува. Во моментов состојбата со опремата во домаќинствата е следна:

Уреди во употреба во домаќинствата

Ова значи дека 52% од домаќинствата имаат персонален компјутер, 29% лаптоп, а 92% од домаќинствата имаат телевизор со катодна цевка, уреди кои се сè уште во употреба и претставуваат потенцијален е-отпад.

Отфрлени уреди, но сè уште во домаќинствата

Табелата покажува процент на застапеност на апарати кои се е-отпад, но поради некои причини сè уште се чуваат во домовите.

Уреди отстранети од домаќинствата

Табелата се однесува на е-отпад кој е отстранет од домаќинствата. Најчесто користен метод за отстранување на е-отпадот од домаќинствата е донација или е даден/продаден на продавач на половна стока. Дали вие ги применувате истите практики?

Овој текст е дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ и претставува прв дел од серијата написи кои ќе следат на оваа тема. Во следниот текст ќе можете да прочитате како правилно да се справите со вашиот е-отпад.

1 коментар на “Е-Отпад: Како технологијата и штети на природата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии