Е*и се Nvidia, категорично критикува Линус Торвалдс

Таткото на Linux, Линус Торвалдс воопшто не се воздржа отворено да ја критикува Nvidia и да ја испрати… знаете каде… бидејќи компанијата не сака да го поддржи слободниот оперативен систем во својата Optimus технологија.

„Nvidia е една од најлошите хардверски компании со кои соработуваме. И навистина е тажно бидејќи Nvidia сака да продаде чипови, многу чипови на Android пазарот. Nvidia е најлошата компанија со кои сум работел.“, вели г. Торвалдс на форум на Финска одговарајќи на прашање на корисничка која сакала да стартува Linux на лаптоп кој работи на Optimus чип. „Затоа, е*и се Nvidia.“, додаде тој покажувајќи со средниот прст накај камерата.

Според него, Nvidia заработува многу од Tegra чипови кои ги продава за Android кој е креиран врз Linux, но и покрај тоа е многу тешко да бидат убедени да го поддржат оперативниот систем. Тој исто така додаде и дека другите компании не се „перфектни“. Но, сепак ова е лична битка на г. Торвалдс, бидејќи хардверските компании не се обврзани да го поддржат Linux.

Целиот говор во Aalto може да го најдете тука, а подолу е само клипчето кога г. Торвалдс ја критикува Nvidia.

[youtube]iYWzMvlj2RQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии