Британскиот суд од јужен Лондон пресуди. Основачот на контроверзниот Wikileaks, Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран во Шведска каде тој е обвинет за сексуално насилство врз две жени.

Британскиот судија го отфрли аргументот дека г. Асанж нема да добие соодветно судење во Шведска, каде законите против силување и сексуално насилство се строги. Според британскиот суд, сексуалното обвинувања е причина за екстрадикција и Европскиот налог за апсење, кој се издава во специјални случаи и важи за сите ЕУ земји, е побаран од соодветен и квалификуван обвинител.

Г. Асанж вели дека пресудата е политички мотивирана и е загрижен дека евентуално ќе биде пратен во САД каде ќе биде обвинет за „предавство“ и каде, доколку осуден, дури може да му се пресуди смртна казна. Во САД имаше и јавни повици од политичари за атентат на г. Асанж.

Според него, ова е со цел да се спречи објавувањето на купот доверливи дипломатски документи на контроверзниот сајт. Wikileaks привлече доста внимание ширум сајтот откако го објави видеото „Колатералното убиство“ во кое се прикажа не етичко однесување на американските војници, потоа ги објавија Авганистанскиот и ирачкиот воен дневник со доверливи документи од војните, и на крај ги објавија доверливите димпломатски документи.

Интересно, меѓу првичното апсење и судењето за екстрадикција, Џулијан Асанж стана еден од номинираните за Нобеловата награда за Мир.

3 коментари на “Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран во Шведска

  1. Швеѓани гнасни бе, што одвратна нација се, тоа чудо едно (од искуство зборам, не лупам на памет). Ги силувал, како да не. После 100 години им текна на тие калаштурите "плави" дека спиеле со типов. Врска нема ништо од тоа, само сакаат да го средат другаров.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии