Џек Дорси: Клуч за добар старт-ап е искористување на среќата

Неговиот концепт за Twitter потекнува уште кога имал 15 години. Дорси, сега 33 годишен, како дете бил ипресиониран од мапите на градови. Барајќи корист од нив тој ги испрограмирал мапите на компјутер и во нив вметнал подвижни точки, но тие биле беззначајни точки. Наоѓајќи јавни дата бази од амбуланти, такси служби, пожарникарски кола… тој ги вметнал тие податоци во мапити и им дал значење на точките. А со тоа значење доаѓа и разбирање за како еден град функционира. Но, како тоа да биде корисно за другите?

„Најважно е да ја нацртате идејата, да ја извадите од главата и да ја видите од друга перспектива, а уште поважно е да ја споделите со другите.“

За жал, тогаш неговата првобитна идеја не им се допаднала на другите.

„Второ важно нешто не е само да се има среќа, туку и таа да се искористи.“ вели Дорси зборувајќи дека неговата среќа е што СМС пораките станаа популарни, a со тоа неговиот концепт за испраќање статуси може да се реализира.

Така, користејќи ја популарната технологија и споделувајќи ја идејата со Биз Стоун и Еван Вилијамс се роди Twitter, една од најпопуларните друштвени мрежи денес. Интересно вели Дорси е што сите функции на Twitter се измислени од корисниците. Пример @ знакот за посочување на корисни, RT за ре-твит, # хаштагот… се е иновација на корисниците. Компанијата е само „добар уредник“ и ги имплементирала функциите.

„И четврто важно нешто е да знаеш кога да застанеш и да размислиш дали е време да се искористи идејата.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии