Две сообраќајни незгоди на автономни возила

Image courtesy of Culver City Firefighter

Двете автономни возила кои биле дел од две неповрзани сообраќајни незгоди, според првите податоци, биле со вклучен автономен мод. Едното возило е Tesla Model S, а второто General Motors Chevy Bolt, пренесе BBC. За среќа во несреќите нема жртви, иако има повредени.

Возилото од Tesla се удрило во задниот дел на паркиран против пожарен камион. Според возачот возилото било со вклучен автопилот, во текот на велиот настан. Пожарникарите велат дека возилото се удрило во противпожарниот камион со брзина од 105 km/h.

Сепак, доколку се покаже дека возилото го предупредило возачот да ја преземе контролата, грешката повторно може да биде негова.

Во судирот на Chevy Bolt со мотоциклист, исто така нема жртва, но мотоциклистот вели дека е потешко повреден. Сообраќајната незгода е постара, но денес официјално започнува судски спор. Од GM тврдат дека виновен за сообраќајната незгода е мотоциклистот.

Незгодата се случила кога автономниот Chevy Bolt менувал лента во текот на возењето. Во овој момент пред возилото одненадеж излетал мотоциклистот и возилото се судрило. Ова го потврди и полицискиот записник.

Пред година и пол, во јуни 2016 година, автономното возило на Tesla предизвика сообраќајна незгода во која имаше жртви. Во незгодата загина 40-годишниот Џошуа Браун, сопственикот на возилото. Оттогаш Tesla значително го подобри својот систем, иако автоматскиот пилот сè уште е во тест фаза.

Законодавецот во САД разгледува закон кој ќе овозможи автономните возила да возат без возач. Сообраќајните незгоди иако никогаш не се добра вест, значително помалку се случуваат кога возачот е автопилотот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии