Две нови игри доаѓаат на Steam за Linux

GNU/Linux станува се попопуларeн помеѓу развивачите на игри и објавувачите, а расте и бројот на играчи. Целата заедница возбудена го дочека објавување на Steam зa Linux, а денес може да се радуваат и на новите две најавени игри кои наскоро треба да бидат достапни.

Првата игра е The Cave, авантуристичка игра од Monkey Islands, Рон Гилберт и Double Fine Production. Во играта ќе имате можност да изберете три од седумте авантуристи кои имаат различни особини и приказни и со помош на нив ќе треба да истражите неколку локации. The Cave ќе биде достапна во текот на следната недела.

[youtube]GGHPgdSMWNc[/youtube]

Другата игра е Eador: Masters of the Broken World и оваа игра беше во Greenlight програмата на Steam. Играта спаѓа во жанрот turn-based strategy, но всушност како што тие ја претставуваат играта во своето видео е комбинација од неколку категории на стратегија.

Од компанијата само што имаат започнато со работа за да ја доведат на Linux и Mac, а се очекува да биде објавена во текот на пролетта.

[youtube]Zg5AXHKJbtU[/youtube]

1 коментар на “Две нови игри доаѓаат на Steam за Linux

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии