Две македонски игри за вашата Android направа

Македонските игри земаат сè поголем замав и нивната бројка бележи константно зголемување. Две такви игри припаѓаат на малото, македонско инди студио, Three Cats Games.

Ufo

Од Three Cats Games, ја опишуваат Ufo како „аркадна игра за спојување на боите на ufo-то со бојата на светлината на куќите. Како дел од гејмплејот се вклучени бустери, комбо и глобален leaderboard.“

UFO се одликува со еднолична, но симпатична куќичка над која имате круг составен од различни бои. Целта е да го допрете екранот кога малото бело топче го допира прстенот кој е во истата боја како и светлата од куќата. Како времето поминува, така и предизвикот расте, а доколку некогаш ја утнете работата, можете да одгледате реклама и да продолжите од онаму каде што сте застанале. Со вашето напредување, собирате златни парички со кои можете да купувате одредени помошни елементи, како бариера што го штити малото топче од погрешни бои, значително успорување на неговата брзина, двојно повеќе поени, и слично.

Ufo се одликува со просечна оценка од 4.8, извлечена од 16 корисници

Mathstones Memory

Се работи за игра која го тренира мозокот и ја подобрува вашата концентрација така што нуди „ релаксирачки гејмплеј со отклучување на нови типови камчиња и сложувалки и повеќе модови на меморија.“

Mathstones Memory е вашата релативно стандардна игра со меморија каде откривате најразлични карти со фигури во најразлични форми и бои. Но, како поминувате повеќе време со играта, забележувате дека предизвиците не се толку едноставни и дека се бара значително повеќе фокус доколку сакате да просперирате во играта. Зголемување на вашиот левел е проследено со отклучување разнолики множества од камчиња, кои успешно ја разбиваат секоја можна појава на монотонија. А, доколку соберете доволно парчиња од сложувалка, можете да пробате да ја составите истата и да видите каква позадина ќе излезе. Еднаш дневно отклучувате подарок, а доколку заглавите на некое комплицирано ниво, може да добиете инстантна, еднократна помош од hint системот, или пак да одгледате реклама.

Mathstones Memory се одликува со просечна оценка од 5.0, извлечена од 39 корисници

И двете игри се релативно симпатични, особено доколку гледате на нив како на креативни вентили за едноставна забава во мали дози. Апсолутно нѝ се допадна тоа што игрите во никој случај ниту форсираат реклами, ниту пак бараат да посегнувате по паричникот. Таквото нешто е целосно изборно и оставено на индивидуалниот корисник. Следете ги Three Cat Games на Facebook, Twitter, и Instagram!

1 коментар на “Две македонски игри за вашата Android направа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии