Aвтобуско

… е добро изработена апликација за „навигација низ јавниот градски превоз во Скопје“, односно за следење и планирање на автобуските рути, време на пристигнување и прегледување на автобуските станици користејќи Google Maps.

Главната функција на Aвтобуско е „планерот“ со кој одбележувате од каде до каде сакате да одите, и тој ви го прикажува времето на автобусите, кој автобус ви е потребен, и колку станици има користејќи ја мапата. Проблем со апликацијата може да биде времето на пристигнување на автобусите, мало задоцнување може да го измести планерот.

Друг проблем, што е заеднички на сите апликации претставени на One Android натпреварот, е што ги нема на Android пазарот за брзо и лесно инсталирање. За да ја инсталирате ќе треба да одите на сајтот на One, па да барате Android натпревар, па да пребарува во листата со 64 апликации за да ја најдете правата апликација, па тогаш да ја инсталирате. Тотално непотребно.

Најди Автобус

… e слична апликација како Автобуско, основна функција е планерот кој користи Google Maps. Се разликуваат во дизајн на интерфејсот, и мали детали во функционалност. Барем македонските Android корисници имаат избор меѓу овие две интересни апликации. Најди автобус беше наградена со 6-тото место на One натпреварот.

13 коментари на “Две Android апликации за сите скопски автобуси

  1. Се убаво со апликацииве и респект за нив, но со апликации за ова Скопје мислам дека веќе претераа сите. Како само Скопје да е во државава. Немам ништо против тоа, да не се сватиме погрешно, но како што гледам и од двата Android натпревари 70-80% од наградените апликации се однесуваат на Скопје. Па зарем не може да се направи барем за неколку градови од Македонија?

  2. Браво! Тоа што се дечко и девојка само значи дека поминале доста време одвоени, зашто не е само да се направи апликацијата туку да се направи квалитетно, а за квалитетот говори и самата награда!

  3. Kakva vrska ima nepotizam pomegu decko i devojka.Sram da vi e treba da pofalite vakvi raboti, a ne da go potcenuvate trudot na nekoj sto se potrudil nesto da napravi.
    Cestito na site nagradeni BRAVO SAMO NAPRED:)

    1. Дечко и девојка??? 2ро и 6то место ??? Колку што знам на второ место беше прогласена апликација која нема врска со автобуси. Ана биди по концизна.

      1. Хахахаха, добро. Прво една мала дефиниција: Непотизам е протекционистичко поставување на роднини и свои луѓе на високи и влијателни положби; злоупотреба на положбата во корист на своите роднини и приврзаници; значи во овој случај тоа би било: или дечкото, или девојката да се во роднински врски со некој од жирито/организаторите…

        А за дечкото и девојката… треба само да се гордеат со себе, секоја чест штом и двајцата успеале да постигнат таков успех.

    2. Што е непотизам? Прашајте ја Ана најубаво ќе ви објасни:) Експерт за вакви прашања, секоја чест девојкава е многу начитана. Браво за Ана со ваков памет далеку ќе стигне:)

  4. Во светот на сите постојки има еден лед екран на кој пишува кога иди следниот автобус и која бројка, а тие што користат автобус си имат прошури за каде оди автобусот.

    Сепак браво за апликацијата, многу покорисна од сите top3 наградени апликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии