Двајца програмери од Скопје бараат краудфандинг помош за да стигнат на курс во Сан Франциско

На Маја Узунова и Никола Мијановиќ им е потребна вашата помош. Радостa дека сe примени на академијата за развој на iOS игри Makegameswithus.us е скратена за неколку илјадници долари кои им се потребни да престојат во Сан Франциско, каде ќе се оддржи курсот. Двајцата млади програмери, кои заедно кодираа во скопска фирма, и заедно аплицираа на Makegamewith.us, сега заедно бараат помош од краудфандинг заедницата да им помогне да научат повеќе за iOS игрите. Потребни им се по 5.000 долари за да го платат дво-месечниот курс и престојот во САД.

„Го поминавме интервјуто и ни рекоа дека ќе бидеме известени во рок од неколу дена дали сме примени – и не примија! Ние сме единствените пријавени од Македонија и двајцата добивме место“, вели Никола.

Маја и Никола успеаја да ги импресионираат луѓето од Сан Франциско првин со своето резиме, па потоа и со Skype интервју преку кое се филтрираа 200-те примени кандидати од вкупно 1.500-те пријавени на курсот за развој на iOS игри, закажан за јуни и август ова лето. Но, академијата чини околу 5.000 долари, а тука се и трошоците за престој во Сан Франциско – Меката на ИТ индустријата, но и еден од поскапите градови за живеење. Двајцата програмери се надеваат дека Makegameswith.us ќе им понуди стипендија, но шансите за тоа се мали бидејќи самата академија им препорача на сите примени кандидати да собираат пари преку Crowdtilt. Нивните краудфандинг кампањи, за разлика од вообичаените, не нудат ништо за возвратната инвестиција, пример, нема да добиете маичка за учество, ниту попуст на продукт. Но, гледајте на тоа како да инвестирате во млади македонски програмери чие здобиено знаење, се надеваме, ќе и помогне на локалната ИТ сцена да биде подобра.

„Се надеваме на многу дружење, многу различни идеи и претставување на Македонија во убаво светло“, вели Никола.

13 коментари на “Двајца програмери од Скопје бараат краудфандинг помош за да стигнат на курс во Сан Франциско

  1. Сметам дека ова не е идејата на Crowd Funding.
    Лично за мене иницијативата не е издржана за јас да ја финансирам.
    Им посакувам успех.

  2. Da bideme iskreni, nit se najdobri, nit popametni od drugite. Svaka cast za ideata i hrabrosta ama deckive izgleda ne znaat u kakvo opstestvo ziveat. Eve i mene me primija na 6 razlicni univerziteti, no bidejki ziveam na planetava, za razlika od deckive, nema nikoj da me finansira i kje si sedam tuka dodeka sama zarabotam dovolno za da si gi platam magisterskite i site ostanati “prosetki”.

  3. Јас не гледам хејт во „негативните“ коментари. Crowd-founding подразбира вложување средства во идеи, проекти или кампањи, кои на крај на денот се општествено корисни. Овие бараат некој да им го плати претстојот во СФ. Ај фак оф, имате банки, роднини, лихвари… снаоѓајте се. Ко ние другите да не сакаме да одиме на летни школи во Калифорнија со туѓи пари. :)

  4. Хехе, овие ќењаториве погоре. Ако ве бивало вас шо не ве примат? а тие што се туркаат и си ги следат соништата оставете ги на раат…ајт поздрав и само напред децо

  5. Decki bravo, samo napred! Svetot im pripaga na onie si gi sledat sonistata i koi ne se plasaat da probaat da gi ostvarat! Ostajte gi drugite, neka si komentiraat…:)

  6. АПП – Ако проџе проџе, па дај да видиме дали ќе успееме да испитачиме по $5000 под капата "Crowdfunding".

    П.С. Драги ИТ ЦОМ МК, а каде може да им уплатам на генијалциве по $5000?

  7. Смешки, а ја нејќам да се едуцирам нели? Да им платиш на некои си да учат и да прават пари после тоа, заради тоа што мислат дека се најдобри… како да не. Платете ми ги и мене посдипломските, кога е веќе така. Ова е питачење, само не е на Камени мост, туку малку пософистицирано, на ит ком мк.

  8. Дечките малку ја промашиле идејата за Crowd funding.
    Во принцип сакаат ние да им ги платиме трошоците.
    Ако сакаат да инвестираат во нив, нека си земат кредит од банка. Ова повеќе личи на питање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии