Два македонски тима во топ 100 на IEEExtreme 13.0

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

Одлични резултати на македонските тимови на глобалниот натпревар во програмирање. Два македонски тима се пласираа во топ 100 на глобално ниво на натпреварот IEEEXtreme. На овој 24 часовен хакатон учествуваа над 3000 тимови од целиот свет, а од Македонија учествуваа 7 тима.

Тимот „Patzers“ во состав Харис Манда, Васил Кузевски и Давид Серафимов беше на 31 место, а тимот „HiddenForExam“ во состав Кристијан Постолов, Божидар Стевановски и Вилијан Монев успеа да се пласира на 57-мо место. Регионално „Patzers“ го освоија 7-то место, а „HiddenForExam“ се 17-ти.

Останатите тимови се пласираа од 350 до 500 место:

  • demor – 368 (глобално) – 120 (регионално)
  • APStrakt – 399 (глобално) – 134 (регионално)
  • Mashini – 405 (глобално) – 137 (регионално)
  • BufferOverflow – 436 (глобално) – 149 (регионално)
  • GLJ – 481 (глобално) – 165 (регионално)

Што се однесува до најдобрите пет тима, најдобри се „TheCornInTheFields“ од Универзитетот Илиноис -Урбана (САД), а по нив следат: „simplicissimus“ Massachusetts Inst Of Technology (САД); „Debuggers“ Chulalongkorn Univ (Тајланд); „AuroraPSUT“ Princess Sumays University for Technology (Јордан); „HCMUSDopamine“ University of Science Ho Chi Minh City (Виетнам). Официјалната листа на победници е достапна на веб-страницата на IEEEXtreme.

Натпреварот е во организација на Македонската секција на IEEE, а е поддржан од Netcetera Macedonia, компанија која е повеќегодишен домаќин на нашите натпреварувачи. Поддржувачи на домашните тимови се и NI TEKNA, RedBull и ФИНКИ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии