Mакедонскиoт стартап BuzzBase се трка за финале на Founders Games на Webit

<надополнето>Првичниот текст беше за BuzzBase и Bonadza, како втор македонски стартап кој се уште е излистан на Founders Games. Но, откако беше објавен текстот, Маријан Петровски, ко-основачот на стартапот, ни одговори на претходно испратен имејл, дека Bonadza ја повлече апликацијата за стартап натпреварот. Текстот е поправен.</надополнето>

Македонскиот стартап, BuzzBase доби шанса да се претстави на Global Webit Congress во Истанбул. Саемот го посетуваат над 8.000 гости од целиот свет, и присуството на конференцијата ќе биде одличен предизвик за стартапот – BuzzBase се фокусира на вирални кампањи и промовирање на содржина. Вториот стартап кој се повлеќе Bonadza е „платформа која ги собира сите технички и досадни сегменти од онлајн рекламирањето и ги пакува во убав интерфејс“.

Со влез во полуфиналето, BuzzBase доби штанд на саемот за да го промовира својот продукт. Стартапот секако ќе бидат во Истанбул, но, тоа што е важно во моментот за сите 200 стартапи кои учествуваат на натпреварот е трката за финалето. Само 25 стартапи ќе презентираат на сцена пред инвеститори, и BuzzBase сè уште е во игра да влезе во финалето на Founders Games, стартап натпревар во рамките на Webit со награда од 1 милион евра во маркетинг. Но, за да влезе во најтесниот круг, македонскиот стартап ќе треба да собере најголем број на гласови. Доколку сакате да ги поддржите – гласајте за BuzzBase.

Имаме шанса да импресионираме на големата сцена во Истанбул, вели Дарко Булдиоски, еден од основачите на BuzzBase. Во ИТ светот, посебно на стартап натпревари, воопшто не е важно од која земја доаѓате, се додекa имате добар продукт. На Webit ќе учествуваат околу 200 стартапи од целиот свет, секој со различен продукт и различна намера, но тоа што ќе привлече интерес ќе биде секако идејата, реализацијата и квалитетот. Покрај македонскиот стартап, на Webit со штанд ќе учествуваат уште шест регионални стартапи од Србија и Хрватска.

„Ние како Македонци сме еднакви со сите други идеи од цел свет. Се натпреваруваш со идеја, квалитет и знаење за она што го работиш, се друго ако е пречка во развојот се решава по пат“, вели Дарко. „Тоа од каде доаѓаме може да не става во одредени случаеви во потешка позиција да стигнеме до некое ниво на развој на сервисот, но ни од далеку не е некое оправдание“.

Според него, присуство на WebIt е одличен начин да се тестира еден стартап. Не се работи само за пари, туку за можност да воспоставиш контакти, да се запознаеш со луѓе кои се заинтересирани за развој на стартапи и иновативни компании, и да добиеш фидбек од публиката и од можните инвеститори; да видиш што му фали на стартапот, што треба да се поправи и што е добро да се истакне; и можеби да се најде некој нов клиент кој ќе покаже дека тоа што го работи стартапот всушност вреди.

„Инвеститорите нема да ви дадат пари ако не видат јасен начин како вие со тие пари ќе направите повеќе пари. Често парите не се најпотребни, далеку покорисни се вмрежувањата, контактите и пристапот до информации отколку само некој да дојде да ви даде пари и да чека да му направите повеќе“, вели Дарко.

Global Webit Congress ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Истанбул. Покрај стартап натпреварот Founders Games, на конференцијата ќе гостуваат уште стотина говорници и експерти од светски компании како MasterCard, AOL, Ubuntu, Huffington Post, Coca Cola, Cisco, 500px и многу, многу други.

[youtube]H0LIpWVKVgA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии