Дури 79 отсто од мобилниот злонамерен софтвер го напаѓа Android, вели владата на САД

Американските власти предупредуваат дека Android е најранливата платформа на која може да се најдат дури 79 отсто од вкупниот злонамерен софтвер. Втората најранлива платформа е Symbian на Nokia која е напаѓана од 19 отсто од злонамерниот софтвер. Споредено со нив, конкурентниот iOS е далеку побезбеден со само 0,7 отсто oпасност, односно 0,3 отсто за Blackberry и Windows Phone.

Податоците се од меморандум од 2012-та година испратен од Министерството за домашна безбедност до полицијата, пожарникарите и другите службеници. Документот вели дека Android е „главна цел на нападите“ поради својата доминантна позиција на пазарот и бидејќи е со отворен код кој може да се искористи од криминалците за креирање на злонамерни апликации кои се подлабоко интегрирани во платформата. Најголемите опасности доаѓаат од SMS тројанци, рутот и лажни Google Play домени.

Препораките испратени до владините службеници е да користат безбедносни апликации за Android, да инсталираат Carrier IQ тест апликација (за набљудување и следење на локација) и да го одат според протоколот на ИТ одделот за надградување на нови верзии.

8 коментари на “Дури 79 отсто од мобилниот злонамерен софтвер го напаѓа Android, вели владата на САД

  1. и би додал исто така дека проблемот поради кој што процентот е толку висок за Android платформата е големиот број на апликации со затворен код објавени на google play. F-Droid од друга страна е добра алтернатива ако сакате да користите само open source апликации без ad-ware, spy-ware и сл.

  2. „и бидејќи е со отворен код…“

    ова едноставно не е точно, бидејќи голем дел од апликациите објавени на google play воопшто не се open source. Да убациш malicious код во open source проект е многу потешко (не невозможно) пошто истиот го гледаат еден куп програмери и едноставно нема да влезе во новиот рилис. Слободниот софтвер или open source софтвер се сметаат за побезбедни баш поради тоа што кодот е јавно достапен и секој може да напише безбедносна закрпа за некоја дупка/баг само за неколку минути од нејзиното објавување.

    1. Kontekstot e deka

      "Android is the world's most widely used
      mobile operating system (OS) and continues to be a
      primary target for malware attacks due to its market
      share and bpen source architecture."

      1. Погрешен е контекстот.

        „It's open source architecture“ нема никаква врска со тоа што е главна цел на malware-от.

      2. Се согласувам со Арангел, проблемот не е воопшто во отворениот код, туку во отвореноста на маркетот. Секој може да објави апликација без претходно никаков процес на одобрување, но и оние malicious апликации не опстануваат долго време, поради се понапредните системи за детекција и секако, оцекните од корисниците. А тука се и сите останати third party маркети и апликации и натаму приказната станува доста сложена…

      3. Не све што ќе прочиташ на интернет е вистина. Ако мислиш дека „open source architecture“ е поврзано со „primary target for malware attacks“, мењај професија додека е време.

    2. Во овој контекст, ни Android не е open source. Процесот на развој и објавување е сосема затворен, кодот го покажуваат по извесно време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии