Duolingo воведе кратки приказни за подобро учење одредени јазици на iPhone

Ако на нешто сме огромни фанови тоа е на учење јазици. Кога се работи за самостојно и флексибилно учење јазици, тешко да има подобра апликација од Duolingo.

Отсега, покрај стандардниот начин за бесплатно учење јазик, на вашата iOS направа имате на располагање и солиден избор од интерактивни, кратки приказни. Замислени да ги предизвикаат вашите вештини за читање и слушање, приказните ви дозволуваат подлабоко да навлезете во проучување на еден јазик.

Како што можеби знаевте, ваквата функција беше достапна само преку прелистувачот, но сега ви стои на располагање и преку вашиот iPhone.

Некои од приказните се самостојни, а некои се поделени на неколку поглавја и полека ви се отвораат како го учите јазикот. Што се однесува до нивната природа, избирате помеѓу биографии, оригинална фикција, или прилагодени приказни според некој од најпопуларните класици. Додека ги читате приказните, се случува да преведете или да комплетирате некоја реченица. Таквото нешто ве наградува со поени кои го подобруваат вашето искуство.

Моментно, функцијата Stories е најдобра за корисниците кои зборуваат англиски, а сакаат да научат шпански, француски, германски, или португалски. Системот нема да ги разочара и оние кои зборуваат шпански, португалски, или кинески, а сакаат да научат да зборуваат англиски.

Android нема да биде занемарен долго време. Се работи на соодветна имплементација на Stories и на таа платформа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии