Duolingo има 100 милиони корисници што учат јазици, и вреди пола милијарда долари

Duolingo, една од најпопуларните платформи за учење на јазици, доби инвестиција од 45 милиони долари од кои најголем дел доаѓаат од Google. Стартапот има 100 милиони корисници и неговата вредност се проценува на 470 милиони долари, вели Venture Beat.

Бројот на корисници е значително пораснат од јануари минатата година кога компанијата објави дека стигнале до 60 милиони. Апликацијата е најчесто преземана во делот едукативни апликации на Google Play и App Store, а достапни се и Windows Phone и веб апликација.

„Првичната определба на Duolingo бепе да овозможи бесплатни курсеви за странски јазици за целиот свет. Сега сме фокусирани на понуда на најдобрата можна едукација за максимален број на корисници. За да го постигнеме ова, работиме на оптимизација на брзината со која луѓето стигаат до овие податоци, истовремено правејќи го искуството што е можно позабавно и поперсонализирано за корисниците. Ова не може да се постигне со традиционалниот начин на образование и засега е речиси неистражен од другите образовни технологии“, вели коосновачот на Duolingo Лус вон Ан.

Инвестицијата од Google ќе биде наменета токму за остварување на целите кои ги споменува г. ван Ан, но и да им се помогне на училиштата и владите да ги подобрат своите часови по странски јазици. Duolingo го користат над 100.000 наставници, а платформата се користи и како замена за учебниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии