Дубаи ќе лансира сопствена крипто-валута

Дејан Соколоски

во Вести, Свет

Дубаи во соработка со Emcredit, британскиот стартап Object Tech Grp. и Министерството за економија, наскоро ќе добие сопствена крипто-валута.

Името на валутата е emCash и ќе може да се користи преку emPay новачниците кои овозможуваат безконктактно плаќање, јави Trustnodes.

Крипто-валутата ќе може да се користи и за секојдневните потреби. Така, посетителите во кафетериите ќе може да го платат своето кафе, родителите ќе може да ги платат школарините на децата и сл.

„Дигиталната валута има разновидни предности – побрзо процесирање, подобро време на испорака, помала комплексност и цена. Ќе го промени начинот на кој луѓето живеат и работат во Дубаи, и ќе биде голем исчекор за градот во прибирањето на иновациите кои ќе го променат и бизнисот и квалитетот на живот“, вели Али Ибраим, заменик Министер за економија.

EmCash ќе биде базирана на најновите „blockchain“ технологии. Иако засега нема објавено на кој „blockchain“ точно. Она што е извесно е дека Дубаи ќе се обиде да креира и повеќе од финансиски систем, и можности за наплата. Градот планира да овозможи технологијата да се користи и за дигитални документи.

1 коментар на “Дубаи ќе лансира сопствена крипто-валута

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии