Државните институции се поврзаа меѓу себе

Граѓаните на Македонија во моментов се соочуваат со непотребни бирократски оптеретувања: долго чекање пред шалтери, потребно е да се поминат повеќе институции за да се земе еден документ, се пополнуваат долги апликации и обрасци понекогаш и по неколку пати за една услуга. На другата страна на системот пак, постојат проблеми како непотребни дуплирани податоци во базите на податоци, и неинтегрираност на институциите.

Системот за интероперабилност ќе биде специфичен, за потребите на .мк институциите, а размената на податоци ќе се извршува по строго одредени правила, со запазување на сите безбедносни и законски регулативи. Министерството за информатичко општество се прилагодува според рамките за интероперабилност на Европската Унија, и SAGA која е донесена од Германија.

Од сите точки кои се дел од интероперабилноста, МИО вели дека многу е вложено во креирањето на правната рамка и нејзините инструменти, кои се многу важни за функционирањето на една ваков владин проект. Засега, пилот институции кои се вклучени се Царинската управа, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар и недвижности и Централниот регистар.

Технички детали на системот:

  • Развојна алатка: Microsoft Visul Studio 2008
  • Програмски јазик: C#, framework 3.5
  • Сервисна магистрала: BizTalk Server 2009
  • База на податоци: MS SQL Server 2008 enterprise edition
  • Оперативен систем: Windows 2008

Крајните точки на услугата кои се достапни во сервисно ориентираната архитектура на системот, користат веб сервиси кои се изградени од XML, SOAP, WSDL и други. Како главен дел на комуникацијата ќе се користат стандардизирани XML шеми, кои ќе бидат потпишани со XML потпис и ќе се користи XML енкрипција за дополнителна сигурност.

Како може да се види на горната слика, сите поединечни институции преку своите т.н. комуникациски клиенти комуницираат со централизираниот комуникациски сервер. Оние институции кои се спремни да ги вградат веб сервисите во своите апликации, можат да влезат директно во системот. Оние кои не се спремни, за нив ќе има портал кој служи како визуелен пристап до централниот систем, до до кој ќе може да се пристапи со едноставно логирање.

МИО се стремат кон тоа за да можат институциите полесно да мигрираат, да создадат систем кој е лесно разбирлив за оние кои треба да го користат. Системите полека со текот на времето ќе почнат да мигрираат во овој систем за интероперабилност. Секако дека постои простор за грешки и проблеми, но бенефитот од еден ваков систем е голем. Исти правила и стандарди ќе важат за сите институции, како предефинирана XML шема, со кои сите ќе мораат да се придржуваат за да може да се оствари комуникација.

Засега ова ќе биде затворена мрежа, сервисите нема да бидат јавно публикувани, но секоја институција која сака да се вклучи во системот ќе мора независно да се обраќа за повеќе информации и помош. Сепак, миграцијата на сите институции нема да биде брза и ненадејна, затоа што од МИО велат дека не можат да им наложат на институциите да се приклучат, иницијативата е на база на соработка.

Подолу е презентација на Игор Црвенов од МИО, на Microsoft настан за интероперабилност и ИТ во облак, што се одржа на 24.02.

Interoperability Presentation Pilot Project – MIO

6 коментари на “Државните институции се поврзаа меѓу себе

  1. А да ги поврзеа серверите на МВР да не не' сликаат трипати за три документи кои се издаваат од исто место?

    Инаку, кога се трошат туѓи пари, лесно е да се користи најскапиот можен софтвер. Никаде не гледам спецификација на трошоците.

  2. Cestitki za povrzuvanjeto inace, mi se dopagja i e nesto plus i razumno.
    Za ostanatoto i tipot na realizacija ama poglupo nemozese da bide.
    Ima resenija i ima vo MK kompanii koi gi imaat podobrite resenie so iskustvo vo vakvi proekti nesporedlivo golemi za sistemi na drzavno nivo pogolemi od mk.

    I am suspicions on criteria of development chose.

    Vlada
    Nisto licno, iskreno.

  3. .NET ? hahaha

    smeski be za mali deca, pola cena za licenci za serveri da nema greska.
    – da ne nemase podobar predlog ili resenie

    Znaci na primer voTexas US drzavata im e skapo ova vo mk ekspertite ja izbraja tehnologijata za middle-ware bas to e to

    Abe to E SMESKI

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии