Државниот завод за статистика ја претстави апликацијата Макстат

Државниот завод за статистика ја претстави својата мобилна апликација Макстат. Апликацијата е достапна за сите Android уреди на Google Play.

Макстат на своите корисници ќе им овозможи едноставен пристап до куп статистички показатели. Дополнително со апликацијата официјалните статистички податоци ќе им бидат поедноставно достапни на сите кои се заинтересирани за бројки на одредени теми.

„Макстат апликацијата за мобилни уреди содржи информации за најважните социоекономски индикатори за Република Македонија, како и статистички податоци продуцирани преку статистичките истражувања на Државниот завод за статистика и Народната банка на Република Македонија“, велат од Државниот завод за статистика.

Податоците кои ги нуди апликацијата се корисни и се на едно место па се лесни за наоѓање. Тоа секако е одлично. Сепак дизајнот на апликацијата треба (и мора) да биде подобар, многу подобар. Иконата на апликацијата доликува повеќе на видеоигра отколку на сервис на државна институција.

Од некоја причина дизајнерот се одлучил за јаки бои (жолта и црвена) во самото мени, позадината и во табеларните прикази. Доколку го занемарите визуелниот дизајн, апликацијата нуди побрзо пребарување во базата на Заводот, кои секако се корисни за разни истражувања и одлуки. Самата апликација е замислена да има редовни извештаи за статистика, можност за преземање на табелите, вести и анализи.

Апликацијата е достапна за сите корисници кои користат понова верзија на Android од 4.1. Дополнително, добра вест е што е достапна на англиски и на македонски, па овие показатели ќе им бидат достапни и на корисниците кои не говорат македонски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии