Државата Вашингон донесе закон за заштита на интернет неутралноста

Интернет неутралноста во САД е речиси мртва, но не сосем. Повеќе федерални држави си донесоа закони со кои ја штитат интернет неутралноста на ново ниво.

Законот е поддржан од двете партии во САД. Предлог законот помина во Државниот сенат и во Куќата на претставниците. Во Сенатот на Вашингтон законот доби поддшка од 35 гласа спроти 14, а во Куќата на претставниците 93 спроти 5.

„Оваа брза акција на сите да се поддржи интернет неутралноста е одлична“ вели еден од предлагачите на законот Дру Хенсен за Fast Company.

Повеќе држави поднесоа исти или слични закони за заштита на интернет неутралноста. Монтана, Њу Џерси, Њујорк, Вермонт и Хаваи поднесоа закони пред федералните власти. Секој провајдер кој сака да влезе и да нуди услуги на територија на овие држави ќе мора да ги почитува овие правила. Над половина од федералните држави имаат во процедура закони за заштита на интернет неутралноста.

Законот во Вашингтон им забранува на сите оператори кои нудат интернет да забавуваат или приоритизираат сообраќај.

Федералната комисија за комуникација тврди дека нивниот закон е поважен во случајот, и федералните закони не се важни. Ова секако значи дека судот ќе треба да одлучи за тоа дали FCC или федералните држави одлучуваат.

Хаваи пак предлага закон кој ќе овозможи интернет инфраструктура да биде во сопственост на државата. Ова секако ќе обезбеди можност за регулирање, без разлика што се случува во Вашингтон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии