Државата ќе биде косопственик на стартапите кои ќе добијат помош од ФИТР

Државата ќе учествува во основачкиот влог на малите и средни претпријатија со 25% од основачкиот влог. Државата ќе добие и 25% од компаниите. Најголема сума која може да ја добијат компаниите е 30 милиони денари, јави СДК.

„Кога се мали претпријатијата тие се ризични и направивме таков фонд за помош, каде што државата ќе им даде помош во основачкиот влог. Ако некој сака да отвори компанија на пример, со основачки влог од 100.000 евра, државата во основачкиот влог ќе учествува со 25%. Ова не се однесува само на нови претпријатија, туку и на постоечки што сакаат да се прошират. Ги повикувам сите заинтересирани, особено младите да не заминуваат во странство, туку да ја искористат оваа програма и да се занимаваат со претприемништво и на тој начин да обезбедат егзистенција и за себе и за своите вработени“, вели  вицепремиерот Анѓушев.

Годинава се обезбедени 400 милиони денари, а за средства можат да конкурираат нови компании, но и компании кои се подолго на пазарот, а планираат проширување.

Се чини дека промената е во две насоки. Прво државата ќе треба да биде повнимателна со парите кои ги инвестира во компаниите. Втората, се чини дека за дел од ветувачките компании кои можат да добијат средства од други места, Фондот ќе биде последно место од каде ќе се бараат инвестиции. На пример, бугарскиот инвестициски фонд Eleven за значително поголеми инвестиции добива помеѓу 11 и 12% од компанијата.

Првиот повик ќе биде објавен овој месец, а неговата вредност се проценува на 185 милони денари.

2 коментари на “Државата ќе биде косопственик на стартапите кои ќе добијат помош од ФИТР

  1. Извинете, но не фала! Да земам пари од хунта, па и хунтата да има процент од мојот стартап… малку потешко.

  2. Добра иницијатива но сепак во суштина погрешна и бирократска. Класичен памфлет за незналици претприемачи. Не дека имаме јака стартап сцена но сепак треба Анѓушев да покаже малку респект. Со оваа мерка не само што младите нема да останат туку ќе заминат и оние кои сакаат да работат со стартапи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии