Друштвените мрежи во 2011-та ќе заработат 5,54 милијарди долари

Според студијата направена од eMarketer, компанија која врши истражувања, анализи, и статистики за интернет пазарот, приходот од реклами на друштвените мрежи во 2011 ќе достигне 5,54 милијарди долари, од кои 2,74 милиони долари само од САД. Во оваа студија исто така стои дека до 2013 приходот од реклами ќе достигне 10 милијарди долари. Моментално рекламирањето на друштвени мрежи опфаќа 6,9 отсто од глобалниот маркетинг, до 2013 тој процент ќе се зголеми на 11,7 отсто.

Во студијата на eMarketer стои дека и покрај тоа што во САД пазарот за рекламирање на друштвени мрежи е одличен, ваквиот пазар надвор од САД расте многу побрзо, и секоја година овие интернационални пазари ќе имаат сè поголем удел во глобалниот приход од рекламирање на друштвени мрежи.

Според eMarketer најголем дел од овие приходи оди за гигантот Facebook, што воопшто не изненадува со оглед на фактот дека оваа друштвена мрежа веќе има 800 милиони корисници. На второ место по приход е втората најголема друштвена мрежа Twitter. Приходот на LinkedIn, и покрај тоа што се има зголемени за три пати во последните две години, оваа година ќе земе само три проценти од глобалниот приход од рекламирање на друштвените мрежи, нумерички прикажано тоа би било 140,8 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии