Друштвените мрежи се одлична алатка и во рацете на криминалците

Безбедносните експерти постојано предупредуваат за опасностите од  јавно објавување на премногу, и пречувствителни податоци на друштвените мрежи. Опасноста главно доаѓа од социјален инженеринг и овозможување на напаѓачите да дознаат повеќе информации кои подоцна ќе ги злоупотребат. Вообичаено дел од овие податоци се дата на раѓање, телефонски броеви, имејл адреси. Напаѓачите потоа врз база на овие податоци се обидуваат да се здобијат со доверба кај жртвите. Минатата година неколку жители на италијанскиот град Милано самите дознаа колку може да бидат опасни објави на друштвените мрежи.

Криминална група од Милано, Италија, ги користеше објавите на популарната мрежа Instagram да дознае повеќе за своите жртви. Во нивен случај поважни од текстот беа податоците кои и без да знаеме ги оставаме на сликите. Од профилите на познати богати ѕвезди прибираа податоци за можни влезови во становите, но и време во кое жртвите биле излезени. Потоа најчесто се качувале по фасадата и провалувале преку прозорците. Групата го користела и геолокациските податоци од постовите, а од сликите дознавале повеќе за типот на прозорци, и алатите кои ќе им бидат потребни, вели италијанската полиција.

Помеѓу жртвите на групата се водителката Дилета Леота и фудбалерот Ашраф Хакими. Од станот на водителката украле накит, чанти и часовници во вредност од 150 000 евра. Жртва на вештите криминалци е и инфлуенсерката Елеонора Инкардона. Од нејзиниот стан крадците украле 1000 евра, накит, ташни и шалови. Четиричлената група минатата недела е уапсена и го чека судењето.

Случајот со грабежите во Милано е одличен пример за потребата од внимание при споделување на содржина на друштвените мрежи. Понекогаш и не едноставно да забележиме дали нешто од содржината открива премногу, па дури и што открива. Она што е сигурно е дека некој на интернет веќе има идеја како да ја злоупотреби нашата грешка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии