Друштвените мрежи ќе го „фрагментираат“ Вебот, вели Тим Бернерс-Ли

Во својот есеј „Да живее мрежата: Повик за оддржување на отворени стандарди и неутралност“, објавен во Scientific American журналот, г. Бернарс-Ли вели дека Вебот како што го знаеме се наоѓа во опасност.

„Големите друштвени сајтови ја затскриваат постираната информација од остатокот на Вебот. Безжичните интернет провајдери се во искушение да го успорат сообраќајот до сајтовите со кои немаат направено зделки. Владите – тоталитаристички и демократски – ги набљудуваат онлајн навиките на луѓето, загрозувајќи ги важните човечките права.

Ако ние, Веб корисниците, дозволат вакви и други опасности да продолжат, Вебот ќе биде поделен во фрагментирани острови…“, вели г. Бернерс-Ли додавајќи „Ние го креираме Вебот, со дизајнирање компјутерски протоколи и софтвер; овие процеси се комплетно под наша контрола. Ние одбираме кои карактеристики сакаме да ги има и да не ги има. Вебот воопшто не е завршен (и секако дека не е мртов). Ако сакаме да следиме што владата прави, што компаниите прават, да ја разбереме вистинската состојба на планетата, да најдеме лек за Алцхајмеровата болест, научната заедница и медиумите мора да се осигураат дека принципите на Веб останат недопрени – не само да се зачува тоа што сме го добиле, туку да се искористи бенефитот за сите идни нешта.“

Целиот есеј ќе го најдете на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии