Друштвените мрежи и крајот на половата разлика

Г. Блејкли предупредува дека рекламните агенции се уште ги делат корисниците на млади и стари, машки и женски итн. Всушност, таа вели, дека како што се развиваат социјалните медиуми, овие разлики постепено паѓаат во позадина, и се истакнуваат интересите на корисниците. Тоа што нив ги интересира и ним им се допаѓа ги идентификува повеќе онлајн од тоа дали се стари или млади, машки или женски.

Пример, сега со друштвените мрежи може да се таргетира корисникот според интересот, според музиката која ја сака, според уметниците кои ги следи, и други специфични интереси кои појасно го објаснуваат човекот од стереотипот – женско vs. машко.

Рекламните агенции пропуштаат многу одделувајќи одредени групи настрана во нивните стратегии и кампањи, на тој начин губејќи многу можни корисници. Стереотипите го губат своето значење поради тоа што онлајн е лесно да лажете за вашата возраст и пол, и на агенциите им е тешко да ги дознаат вистинските информации за вас. Она кое кое корисниците јавно го покажуваат се нивните интереси, и рекламните агенции треба да најдат начин тоа и да го следат.

Г-ѓа. Блејкли исто вели дека жените се најбројни и најмногу време поминуваат на социјалните медиумите. Тоа значи дека наместо да се „феминизира” мрежата, ова ќе помогне да се растурат стереотипите и да се победат овие демографски ограничувања и предрасуди.

„Ако сакате да го разберете светот, начинот на кој луѓето се забавуваат себеси е добар начин каде прво да погледнете.“, вели г-ѓа. Блејкли. Како заклучок, во социјалните медиуми не очекувајте една атмосфера која ќе биде ослободени од стегите на демографските стереотипи, очекувајте нашите интереси ќе вредат повеќе од било кога.

Погледнете го видеото:

1 коментар на “Друштвените мрежи и крајот на половата разлика

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии