Инцидентот на скопското Кале започна преку викендот когa група албански граѓани незадоволни од договор со властите срушија дел од новиот објект, кој треба да биде црква-музеј. Две дена потоа, група „поддржувачи“ за изградба на црквата (читај: македонска навивачка група Kомити) и група „поддржувачи“ за рушењето на истата (читај: албанска навивачка група Шверцери), се собраа, интересно, во исто време на скопското Кале за да си го искажат мислењето преку „мирен“ протест.

Очигледно е што ќе се случи потоа меѓу двете навивачки групи, нели? Масовна тепачка, каменување, осум повредени, еден прободени со нож, паника низ медиумите, критики кон политичарите, етничка нетрпеливост…

Единствено нешто поразлично од минати вакви глупави инциденти е улогата на Facebook.

Facebook е „приватно“ место што нуди мала интернет анонимност, со слика или криење анонимност, место каде секој може да си го каже искреното мислење, безбедно оддалечен од настаните, во фотелјата во топлиот свој дом, место каде може да се најдат истомисленици со кои сме пријатели, со кои споделуваме заеднички моменти и интереси. Не за џабе се вика „друштвена мрежа“.

Барем така е замислена…

Според Радио Слободна Европа, протестите кои станаа инцидент, се организирани од неформални групи на Facebook и од албанската организација Разбуди се.

Facebook е одлична алтака за организирање. Дизајниран е да здружува, за брзо и ефикасно пренесување вирална порака, од еден до илјадници други само со еден Like. Со таа вирална функционалност Facebook стана и алатка за организирање протести ширум светот, дури и револуции, како на пример граѓански протести во Иран, Тунис, Египет. Тие протести се неповрзани со инцидентот на Кале, бидејќи беа граѓаните против диктатура, а не етничка и религиозна тепачка меѓу две глупави групи. Сепак, различните примери демонстрираат иста поента, Facebook е корисен за организирање.

<Надополнето>Дел од групите се тргнати. МВР се активираше и побара од Facebook да се тргнат. Повеќе ќе прочитате тука. </надополнување> Ете, веќе се организираат нови протести на Кале на 19 февруари. Веќе има поставена група со илјадници членови која повикува на протести, каде се постираат одвратни слики и говор на омраза. Всушност „говор на омраза“ е дури и млак термин за тоа што може да се види на таа група.

Тоа не е единствената група. Има и други со исто толку насилна содржина. Група со над 4.000 членови Crkva na Kale, каде македонски и албански корисници се препукуваат меѓу себе со пцовки и повици за етничко чистење. Има и група Музеј-црква на Кале каде приказната е иста, етнички навреди и говор на омраза. Има и група „Kunder Kishes ne Kalan e Shkupit“, и таму е истата одвратна приказна.

Доволно е само еден клик на профилите да се види возраста на тие луѓе, голем дел тинејџери, голем дел студенти! Интересно, доволно е и само еден клик да се види дека повеќето од тие млади „умови“ се заинтересирани за исти нешта, сакаат ист филм, иста музика, ист артист, ист фудбалски клуб, гледаат исто шоу, до вчера заедно навиваа за A1…

На Facebook, покрај вербалното провоцирање, најчесто се предизвикува другата етничка група со видеа од YouTube. Всушност, уште од пред времето на Facebook, видео сервисот е библиотека на гадни видеа преполни со oмраза, повици за Голема Албанија или Голема Македонија, повици за етничко чистење, смрт, видеа од конфликтот во 2001… веќе подолго време никоја .мк институција не се обидува да ги тргне тие одвратни видеа, за кои верувам дека е потребно само да се реагира кај YouTube и ќе бидат тргната бидејќи сервисот се обидува да добие имиџ како извор на квалитетна содржина за да привлечe реклами. За коментарите под тие видеа нема потреба да се споменат. Видеата се јавни, па има повици за етнички чистење на цели балкански народи. И да, поголемиот дел од тие YouTube корисници имаат помалку или околу 30 години, според пишаните години на профилот или видеата кои ги Like-увале.

Facebook профилите се слика на секој негов корисник. Всушност, затоа и вреди 50 милијарди долари, бидејќи е лесно со реклами да се таргетираат правите потенцијални клиенти следејќи ги само информациите од профилот. Секој корисник го споделува и Like-ува тоа што го интересира.

А по тоа што може да се види на мрежата, во Македонија нема ништо друштвено.

22 коментари на “Друштвенaта омраза и инцидентот на Кале

  1. Не е проблемот кај нас во мулти етничкото опшество, Македонија одсекогаш била такво опшество, и луѓето порано многу поубаво живееле заедно одколку денес, јас сум постара генерација и знам како беше тогаш. Да! Треба да се превземат мерки за денешнава ситуација! Но не агресивни ! Ниту мерки базирани на омраза! Треба да се воведе подобра бесплатна едукација, заеднички мулти етнички проекти, каде младите ќе разберат дека имаат исти квалитети без разлика на верата. Каде младите што не се вклопуваат, ќе бидат поттикнати од мнозинството да го следат нивниот чекор. Законски треба да се регулираат и навивачките групи! Ниедна навивачка група несмее да си дозволи да се организира со намери кон физички пресметки. Во Англија долго се лежи затвор за такви постапки, Во Јапонија, ДОЖИВОТНО!. Бидете објективни во размислувањето, најчесто проблемот лежи во самиот корен на опшеството.

  2. Држава ? Чуден е фактот што ова парче земја го нарекувате држава. Мене повеќе ми делува на Тексас во времето на каубојците и индијанците. Пред се, ќе ви кажам дека е редно да се освестите. Централизираната власт, политичките пропаганди и сл. се само организации односно машини за правење пари. А за таа цел спремни се да газат и преку лешеви. Тоа е многу очигледно и многу јасно последниве неколку години. Нивна е вината што во Македонија нема квалитетно образование, нема бон тон едукација, креативни фоајеа каде младите можат да ја изразуваат својата имагинативност, не омраза. Нивна е вината што се тотално неспособни кога се работи за воведување строги законски мерки. Но тоа е затоа што они не гледаат профит во тоа. Видоа дека се профитира од сообраќајните казни, воведоа такви мерки и видете денес. На сите им се тресат коските кога се работи за возење нерегистрирана кола, 5 патници, немање опрема и сл. Значи треба само строга регулатива и квалитетно образование. Младината што е поттикната од своите родители на квалитетна едукација, денес ги брани своите димпломски на Електро, Машински, Економски и размислува за своите можности надвор од оваа држава. Знае каде што ја очекува и каде гледа подобро светло.

  3. zaso mislite deka site ste pametni i site se pravite majka tereza ! FAKT e deka nema sozivot so niv i kraj ti se vozis u avtobus tie te provociraat te mavaat i baraat tepacka… dali ne gledate deka se najloso oni pravat u drzavata KRIMINAL BELO ROBJE DROGA SVERC i slicno od takvi kako vas site tuka STO SE ZA SOZIVOT za 10 godini vnucite namesto da vi se vikaaat Aleksandar ke vi se vikat Ahmet Dritan i slicno zatoa makeonski narod napaten i si go jade so godini poso ima luge kako vas !!!!! u germanija da ne se glupi so ne im davaat tolku prava na tucite… francuzite glumat demokratija zatoa use malku ke gi snema sve se arapi i crnci…ke ne snajde istoto POSO SITE STE MIROLJUBOVI ! so niv nema kompromis dokaz 2001 ama site vie od doma koa nema da ve zdoboli nesto vi e ok da kazete DECISTA SE TEPAAT !

    1. tocno e deka M.Tereza e ALB {Gonxhe Bojaxhiu},i tocno e deka Aleks. Veliki e anticki Makedonec {od majka Ilirska princeza}.a vashite iminja se {S>M>}Trpe, Stojmir,Slave,Elena,Dragan-a,Lazar,Ratomir i da ne gi nabrojam…Vashat historija ja ucefme od vashite historicari{Profesori} .Albancite ne ja napishaa.Nikakvo zlo nemate od nas.Kolku zlo imavte od Bugarite,od Srbite,pa pak po niv trca te ko …a ne vi priznavat nishto od ona shto Vie sakate da se oseqate.A zoshto ?Pa albancite se krivi.Grcite ne ve smetat za luge pa sekoj vikend ste kaj NIv{ve tepat ,ve pcujat, kamionite,kolite vi oshtetuvat} , izgleda pak Alb. se krivi!Vo edna stambena zgrada kade zhiveat stanari ne mozhe eden od stanarite da pravi shto saka oti zgradata e MOJA kolku i TVOJA.JASNO.A TI prashajgi tvoite politicari shto sakat da krijat odnosno kakov paravan im e ova.{izgleda ,i moite i tvoite KODOSHI sakaat da profitiraat ….!?}.

  4. Najlosoto e sto megusebe se koljame mesto da ziveme inace za vakvi gluposti se krivi najmnogu mediumite zosto tie provociraaat mislis znaese nekoj deka se gradi crkva na kale??? se dodeka oni ne kazaa?NE!!!!samo oni pravat problemi kolku nesto samo da dadat..Sramota, i drugo dali nekoj videl deka na Skender beg ima albansko zname staeno toa ne e provokacija samo nie provocirame ???? neka krsat galava site ne se tepam za gluposti kako sto nemam ni da pravo da mu odzemes zivot na nekogo sto smetam deka ke se sluci toa

  5. Протестираа заедно тутунарите Македонци и Албанци пред неколку дена кога си ги бараа парите од диктаторот Грујо и неговата фамилија, но и тогаш се организираа контра-протести од ДПМНЕ и сите тутунари што си го бараа лебот беа наречени сдсмовци, комуњари, предавници и со најпогрни зборови оцрнети од владините медиуми…
    Ова сето пак е режија на ДПМНЕ и ДУИ, ноќе градат, дење рушат и го подигаат рејтингот со тоа што на овие случувања се палат млади и неписмени деца!

  6. Ова е срам за сите нас (албанци – македонци), а и овие случувања што се дешаваат по фејсбук уште повеќе ја отежнуваат работата, бидејќи имаме многу говор на омраза, па и јас се сложувам со вас дека зборот говор на омраза е благ збор за ова што се случува по фејсбук овие денови. Јас сонувам некогаш да ги видам како Албанците и Македонците протестираат за економски/социјални проблеми на државата, да видат и тие политичарите дека неможе така лесно да манипулираат со овој народ.

  7. Ова се случува кога го фураш народот на нацинализам. Едните си ги бранат своите национални интереси, другите своите, а владетелите на државава така мирно си седат во фотелја и гледаат како народот помеѓу себе се мрази. Токму тоа им е поентата на владеачките партии. Разделиј па владеј.
    Затоа никогаш нема да имаме држава во која секој граѓанин ќе биде слободен а не да се чувствува како да не живее во своја држава.

  8. игнорирајте и ќе се случи:

    Кога Нацистите дојдоа по комунистите,
    молчев
    бидејќи не бев комунист

    Кога ги затворија социјал-демократите,
    молчев
    бидејќи не бев социјал-демократ.

    Кога дојдоа по синдикалците,
    молчев
    бидејќи не бев синдикалец.

    Кога дојдоа по Евреите,
    молчев
    не бев Евреј.

    Кога дојдоа по мене,
    немаше никој останато да каже нешто.

    ~ Мартин Нимолер

  9. Ништо повеќе од дечишта необразовани со својата сила на интернет што ја немаат во реалниот свет. Игнорирајте ги колку можете, самите ќе сфатат кога ќе созреат. Нека се тепаат, нека се убиваат, па и нека умираат – светот е подобар без нив, без разлика дали се македонци или албанци. Можеби и официјално имаат 30 години, но сите убаво знаеме дека се ништо повеќе од дечишта

  10. Ахам… поправете ме ако грешам:
    1. Секој говор на омраза или обид за ширење на верска, национална или етничка нетрпеливост е казнив по закон. Исто важи и за директни закани или повици за убиство на индивидуи или групи.
    2. Сите овие „чистачи“ се доволно паметни да се истакнати реплицираат со вистинските имиња и презимиња, места на живеење, возраст и се останато потребно за недвосмислена идентификација.

    Со моите оскудни познавање на правниот систем, не е ова доволно за една брза серија од кривични пријави? Онака, да ги изгорат малце, па да станат свесни за постапките и зборовите кои ги кажуваат.

  11. Ако добро анализирате, facebook, групите се до 5000 членови, кои и се повторуваат по групите, и тоа се млади деца кои се навистина не едуцирани. Според мене, постарите кои видовме низ што помина Босна, за да и ден денес им е полошо од сите други земји соседи, никој не е заинтересиран за овие групи.

    Решение за состојбата би била да им се покажат филмови, ама не херојски, туку документарни за конфликтите, па да размислат како ке им биде нив во таква ситуација, и на крај да размислат што ке добијат на крај, дали ке добијат тоа што мислат дека ке го добијат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии