Друштвената мрежа која е изработена во Скопје, Solaborate, претстави нови алатки за комуникација

Solaborate, друштвената мрежа за ИТ професионалци, поддржана од компанија во Лос Анѓелес, а изработена од македонски дизајнери и програмери, претстави нови алатки кои ќе ја олеснат комуникацијата преку мрежата. Solaborate – која сè уште е во бета и ви треба клуч кој може да го побарате од официјалната страна – сега овозможува аудио повици преку WebRTC без потреба од плагини. Мрежата поддржуваше видео повици, но верува дека аудиото повици се исто толку важни за професионалците кои сакаат да комуницираат додека работат. Овозможени се и групни аудио и видео конференции.

Добредојдена новина е што сега ќе може и да се споделува екранот и фајлови директно преку четот, исто преку WebRTC. Делењето на екранот со другите е одлична функционалност која помага при соработката на проекти, што, како што вели Solaborate, ќе ја зголеми продуктивноста. Исто така им се овозможува на ИТ компаниите да ги претстават своите продукти пред потенцијалните клиенти.

[youtube]w2l1B4GdHj4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии