Овој текст е дел од серијалот “Друштвена игра на месецот” во соработка со Гоблин Друштвени Игри.


Како успешен трговец со скапоцени камења, од времето на Ренесансата, имате за задача да воспоставите функционална трговска структура, која ќе ви донесе уште поголемо богатство и наклоност на високите слоеви од благородништвото. Секако и останатите играчи ја имаат истата цел, а натпреварот е во тоа, кој ќе биде поуспешен во нејзиното достигнување. Но, темата на играва воопшто не е во преден план.

Дизајнер: Marc Andre
Број на играчи: 2-4
Возраст: 10+
Времетраење: 30 минути
Издавач: Space Cowboys

Splendor e од оние игри за кои важи правилото – лесна за учење, но тешка за совладување, а содржи само три различни компоненти:

  • скапоцени камења, претставени преку плочки со различна боја (многу слични на покер чиповите)
  • таканаречени развојни карти
  • благородници – претставени преку други подебели карти со правоаголна форма

Развојните карти се купуваат со скпоцените камења, т.е. плочките, а колекцијата од неколку точно определени развојни карти ви дозволува да добиете и соодветен благородник. Развојните карти и благородниците носат поени, а кој прв ќе собере 15 поени, ја завршува играта, по што сите играчи имаат по уште еден круг, пред  да се помине на пресметување на поените.

На својот круг играчот може да направи само една од следниве акции:

  • да земе два исти скапоцени камена или да земе три различни
  • да купи една од развојните карти (кои носат поени, но и помагаат во поевтинување на цената на наредните купени развојни карти)
  • да резервира една од развојните карти (со што не ја купил, но ги спречил другите тоа да го направат)

Кога ќе собере квалитативно и квантитативно доволно развојни карти, го зема соодветниот благородник.

Стратегиски, во играта е потребно да направите механизам составен од развојни карти,  кој ќе ви овозможи полесно купување на наредните такви карти и ќе ве води во правец на земање на благородничка карта. Бидејќи играва есенцијално е трка, потребно е да се воочи моментот кога ќе биде најоптимално да се прекине да се гради механизмот и да се пушти во погон, да работи.

Функционира перфектно како со двајца, така и со тројца или четворица играчи и има навистина едноставни правила кои се објаснуваат за пет минути, што е пригодно за било каков профил на играчи, додека пак длабочината на стратегијата и тактиката придонесува за предизвикот кој го бaраат  поискусните играчи. Сите механики кои се вградени во играва заедно совршено функционираат во контекст на правилата и обично нема речиси никакво чекање помеѓу круговите, кои “одат” брзо.

Splendor можете да ја најдете во продавницата на Гоблин или на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии