Овој текст е дел од серијалот “Друштвена игра на месецот” во соработка со Гоблин Друштвени Игри.


Воените игри се еден од најстарите жанрови на игри на табла. Но, за жал, нивната комплексност и времетраење, што обично ги красат, ги одвраќаат просечните љубители на ова хоби, кои кога станува збор за овој жанр, често не одат подалеку од Risk. Оваа игра не е таков случај.

Дизајнер: Richard Borg

Број на играчи: 2 (8)

Возраст: 8+

Времетраење: 30-60 минути

Издавач: Days of Wonder

Memoir ’44 e најпознатата игра која ја користи популарната Commands & Colors механика на авторот Richard Borg, употребена и во неколку други негови игри, а чии основни одлики се едноставност, но и длабочина. Играта е дуел, кој може лесно да се прилагоди и на тимско играње.

Таблата за играње е исполнета со шестоаголници –  како и во многу други воени игри, со таа разлика, што тука тие се доста поголеми, за да има место за поединечните делови од секоја единица. Истата е вертикално поделена на три еднакви зони. Инаку, таа е двострана и се употребува соодветно според сценариото кое се игра.

За време на својот круг играчот изигрува една картите кои ги има, го исполнува напишаното и на крајот од кругот, влече карта од заедничкиот шпил. Толку.

Прилично добра идеја се специјалните држачи за карти кои играчот ги има пред себе, а кои му овозможуваат слободни раце, пред сѐ, за да манипулира со фигурите.

Картите обично реферираат на една, две или сите три вертикални зони, односно на активирање на единиците во нив. Активирањето на единици претпоставува нивно движење и/или пукање.  При пукањето се фрлаат одреден број на коцки, со посебни симболи, кои означуваат погодок, промашување или повлекување. Кога ќе се елиминира една единица, се добива поен. Поените се добиваат и на други начини (на пример со освојување и држење на одредена локација/шестоаголник).

Постојат и карти кои не се однесуваат на конкретни зони и кои имаат посебни функции (лечење, утврдување, далечинско бомбардирање со авијација или артилерија и др.)

Различни предуслови, го даваат победникот на еден меч, во зависност од сценариото. Понекогаш тоа е одреден број на поени, а понекогаш исполнување на некои други услови (освојување на локација и сл.).

Бројноста на сценаријата во основната игра ветува речиси бесконечно многу изиграни партии и играта не делува воопшто празно без експанзии. Сценаријата се историски акуративни, а играва е избрана за официјална игра на организациониот одбор за организирање на одбележувањето на годишнината на инвазијата на Нормандија. Поголемиот дел од сценаријата се однесуваат токму на таа операција, но заоѓаат и на други боишта од Втората Светска Војна, особено со многуте експанзии. Размерот на сценаријата е различен, во зависност од настанот. Тој гравитира на тактичко ниво. Некогаш единиците се батаљони, а некогаш се водови.

Поради тоа што се историски акуративни, сценаријата се асиметрични и односот на силите е таков каков што бил во реалноста, што значи дека често едната страна е послаба од другата, па вообичаено е да се играат две партии, со замена на страните. Победникот го определуваат поените.

Компонентите на играта се добро изработени и практични, дури и во контекст на просечно високиот квалитет, што го имаат игрите на Days of Wonder. Огромната популарност на играва (турнири, првенства, On-line верзија), како и бројните награди и признанија, сведочат за нејзината издржаност и квалитет.

Memoir ’44 може да ја најдете во продавницата на Гоблин или на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии