Друштвена игра на месецот: KeyForge – колекционерскa игрa со карти

Овој текст е дел од серијалот “Друштвена игра на месецот” во соработка со Гоблин Друштвени Игри.


Kога ќе си помислите дека на полето на колекционерски игри со карти (со кое суверено владеат Magic: The Gathering , Yu-Gi-Oh! И Pokemon), не може да се појави ништо ново, од умот на творецот на Magic – Ричард Гарфилд, се појавува KeyForge, со сосема нов иновативен концепт.

Како и во останатите колекционерски игри со карти, секој натпреварувач си има свој шпил, кој ги претставува средствата за војување, војниците, магиите и др., со кои му се спротивставува на друг играч, кој пак има сопствен шпил. Тематски, тука играчите се моќни Архони чија задача е да исковаат три клуча, кои отвораат врата до скриена ризница на неверојатни знаења. Кој прв ќе успее во тоа – ја победува партијата.

Станува збор за колекционерска игра со карти, од која е исклучена deckbuilding компонентата и во која сите шпилови, кои се продаваат, се уникатни и неменливи. Да, баш така, секој поединечен купен шпил е единствен во светот  и не може да се менува, надополнува и слично.

Играта, во првата едиција, има околу 370 карти. Со 37 карти по шпил и дозволени најмногу по четири исти карти во еден шпил, теоретски може да се состават околу 104 квадрилиони различни декови (или барем така велат производителите).

Исклучувањето на deckbuilding компонентата е иновативен потег, кој, се чини, делува контраинтуитивно во однос на конзумеристичките насоки на модерниот пазар, но, од друга страна, секако наиде на воодушевување кај играчите и доста придонесе за зголемување на популарноста на производот. Сето ова, добрата маркетинг кампања, како и најавата за амбициозен систем на организирано играње (официјални турнири со награди и др.), направи играта да стане многу популарна уште пред да излезе. Неочекувано многу популарна. Дотолку што производителот мораше да ги преполови сите однапред направени нарачки и премиерата на играта се случи со максимално испразнети рафтови и задоцнети играчи, оставени во исчекување на следните пратки.

KeyForge може да ја најдете во продавницата на Гоблин, а за повеќе игри посетете го нивниот сајт.

1 коментар на “Друштвена игра на месецот: KeyForge – колекционерскa игрa со карти

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии