Дури 70 отсто од британските училишта користат таблет компјутер

Таблет комјутерите се присутни во 70 отсто од примарното и секундарното образование во Велика Британија, јави ВВС. За жал нема никаков показател дека таблет компјутерите воопшто го подобриле квалитетот на образованието кај учениците.

Новата статистика направена во 671 државни и приватни образовни центри. Најголем дел од учениците ги користат таблет комјутерите цел ден дури и легнуваат во кревет со нив, но за сосем поинаква цел: комуникации на друштвените мрежи. Покрај ова образовните центри во Британија планираат до 2016 речиси да го удвојат бројот на таблет компјутери од 430.000 на 900.000 комјутери.

Сепак, иако нема статистички показатели за подобро образование, професорите во Британија велат дека таблет компјутерите ги мотивираат учениците кои ги носат дома со семејството. Дополнително неповрзано истражување покажува дека учениците кои доаѓаат од посиромашните средини почесто го користат таблетот за читање, односно во овие средини таблет комјутерите ги заменуваат книгите од хартија.

„Таблет комјутерите се попожелни од лаптоп комјутерите, полесни се за пренос, подобри димензии, екран на допир и веднаш се вклучуваат“, вели Симон Мејсон од Honywood Community School во Есекс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии