Dropbox работи на апликација налик на Google Docs

Новата алатка од Dropbox, Paper, овозможува тимско креирање на белешки и документи, иако алатката би можела да се користи за сите документи за кој е пригоден форматот… Услугата е во бета и сè уште е потребна покана, но бројот на бета тестерите е значително поголем, вели Engadget. Во моментов станува збор за десктоп алатка, иако кога ќе биде завршен бета тестот, Paper ќе доаѓа и со сопствена мобилна апликација. Дека навистина не станува збор за софтвер во кој ќе може да се креираат специфични документи, покажува и едноставноста на Paper. Апликацијата овозможува работа со еден фонт и три големини, а иако секој фонт може да се користи во – болд, италик, потцртан и strikethrough верзија, можностите запираат тука.

Корисниците кои соработуваат на некој документ можат едноставно да видат што работат останатите корисници. Секој од соработниците на текстовите добива курсор со некоја боја, а другите можат да следат кој и каде прави промени. Она за што Paper е навистина погоден е креирање на белешки на тим на соработници. Менаџерите на проектите можат да креираат „to-do“ листа и да им доделат задолженија на членови од тимот, алатката овозможува и едноставно споделување на url и на слики, а примените и додавањата е прават со нивно влечење.

„Работата денес е фрагментирана. Сѐ се случува низ различни типови содржини – слики, код, табели… Некој можеби работи на PowerPoint, некој работи на код, друг во Google Docs – на тимовите им е потребна платформа на која ќе можат да ги споделат своите идеи на едно место,“ вели Матеус Пан продукт менаџер на Paper.

restaurant_planning-1024x768

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии