Dropbox излегува на берза

Едно од најголемите складишта на податоци, Dropbox, се подготвува за излегување на берза. Dropbox е една од првите компании кои ја нудеа оваа услуга.

Сепак по импресивниот старт, низ годините конкуренцијата стана подобра, па помалку подзаборавивме на Dropbox. Можеби за ова има и објективни причини. Компанијата се натпреварува со Google, Microsoft и Amazon кои сепак се гиганти. Токму ова ќе биде најголем проблем на Dropbox, да објасни што ги разликува од конкуренција. А, ова важи како за корисниците, така и за луѓето на Wallstreet.

„Пазарот за платформи за соработка е конкурентен и брзо се менува. Во одредени делови  нашата платформа се натпреварува на пазарот за облак складирање со сервиси понудени од Amazon, Apple, Google и Microsoft, како и на пазарот за платформи за соработка на содржина со производи понудени од Atlassian, Google, и Microsoft. Се натпреваруваме со Box на поoграничен пазар за облак складирање за големите претпријатија“.

Пред самиот почеток на викендот Dropbox поднесе документи за излегување на берза. Компанијата ќе се обиде преку продажба на акции да стаса до 500 милиони долари, но засега е непознато од колку продадени акции, и секако колкав дел од компанијата ќе биде на слободна продажба.

Растот на Dropbox

Периодот кога стартапот се појави на пазарот, беше едно сосем поинакво време. Дел од проблените кои постоеа тогаш воопшто и не се препознатливи денес. На пример, дали се сеќавате дека не постоеше можност за споделување на фајлови поголеми од 25МВ по мејл.

Компанијата беше алтернатива на сервиси како Megaupload, кои живеаа од реклами. Често овие реклами беа порнографски и несоодветни за користење во бизнис средина.

Дополнително, Dropbox овозможи споделување на фајлови директно од корисник на корисник, без разлика дали едниот е на macOS, а другиот е на Windows.

Сепак со оглед на тоа дека овие складишта на податоци беа новост, Dropbox мораше да ги убеди корисниците барем да се обидат да ги користат. Компанијата овозможи едноставно користење и синхронизација на фајлови, што се покажа клучно.

Едно време Dropbox беше проценет на 10 милијарди долари, а во компаниајта се инвестирани над 350 милиони долари.

Компанијта од март 2016 има 500 милиони корисници. Dropbox има околу 11 милиони корисници кои плаќаат за сервисот, останатите го користат сервисот бесплатно. Во просек компанијата заработува 111.91 долари од секој корисник кој плаќа, пишува TechCrunch.

Како Dropbox ја менува инфраструктурата на интернет?

Компанијата последните неколку месеци заштеди околу 75 милиони долари откако се префрли на сопствена инфраструктура, пишува GeekWire.

Компанијата се префрли од AWS на нова сопствена инфраструктура и заштеди 75 милиони долари за две години. Компанијата започна да ги префрла корисници од серверите на Amazon на сопствена инфраструктура во 2015 година. Иако започна користејќи облак услуги, денес компанијата има сопствена инфраструктура.

„Нашата оптимизација на инфраструктурата ја намали цената на операции и помогна да ги ограничиме капиталните трошоци и поврзаните тековни трошоци. Во комбинација со зголемувањето на нашите корисници, забележавме пад на трошоците и зголемување на заработката. Со ова се зголеми обртот на средства во период“, вели компанијата.

Dropbox, сè уште користи AWS, но единствено за 10% од потребите. Главно ова се однесува на корисниците во Европа. Во САД компанијата има 3 податочни центри кои се доволни за покривање на потребите на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии