Dropbox има 200 милиони корисници; најави нов Dropbox for Business

Dropbox стигна до 200 милиони корисници, што за помалку од половина година се 25 милиони нови корисници. Како дел од оваа промоција директорот на компанијата Дру Хјустон го откри и нова верзија на Dropbox for Business.

Новата услуга ќе им овозможи на корисниците да ги користат личните и професионалните документи заедно, но во попрактичен интерфејс кој ќе биде поделен на табови. Оваа идеја дојде пред се од практични причини, откаkо Dropbox пресмета дека со првичната идеја за промена на профилите на своите 200 милиони корисници ќе им испорачува и 1.000 години непродуктивно време поминато во префрлање од приватниот профил до профилот на компаниите. Корисниците кои веќе имаат два профили ќе можат да ги спојат.

„Луѓето мислат дека постои верзија на Dropbox за корисници и за верзија за компании, ние мислиме дека тоа е смешно. Треба да постои само една верзија. За да го направиме како што треба го преправивме Dropbox. Но тогаш свативме дека ги имаме овие фантастични експерти, да ги оставиме да го направат како што треба. Сега сум возбуден да ја претставам новата Dropbox за Business. Преработевме се.“, вели г. Хјустон за Techcrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии