Dropbox го претстави Paper, конкурентот на Google Docs

Dropbox конечно ја претстави официјалната верзија на Paper. Бета верзијата на апликацијата е достапна веќе неколку години, но сега конечно им е достапна на сите.

Апликацијата е слична со голем дел од сличните апликации како Google Docs или Office 365. Ова не е за изненадување, бидејќи и досега речиси сите текст едитори се налик еден на друг. Paper овозможува додавање на веб-елементи и нивно вгнездување во документите. Секако како сите слични сервиси и Paper е фокусиран на соработката.

Дополнителнот преку тагирање апликацијата овозможува испраќање на нотифкиација и „пингање“ на некој кој е засегнат. Ова овозможува паметно и едноставно споделување на документите. Овозможува и вградена интеграција со Google Calendar преку која можат да се  споделат белешки од состаноци.

Апликацијата сè уште се надградува, а можеби најголем недостаток е немањето на офлајн пристап до документите на iOS и Android, според The Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии