Дронови од хартија за еднократна употреба можеби ќе спасуваат животи во иднина

Најверојатно кога ќе се спомне дрон не помислувате на авиончиња од хартија. Сепак DARPA креираше токму ваков дрон. Дрон креиран од хартија и наменет за достава на лекови и медицинска опрема.

Компанијата Otherlab од Сан Франциско, доби грант од DARPA за развој на токму оваа идеја, јави Recode. Идејата е веднаш да се достават лекови кога ќе бидат потребни, пример во случај на епидемија. Леталата не се паметни ниту пак ќе има можност за повеќе од една употреба. Ќе бидат испуштани или со дронови или од авион, а единствено ќе треба безбедно да ги достават лековите.

 

Главна цел на леталото е да може да достави што повеќе лекови на потребната локација. Лековите ќе треба да стигнат до посакуваната локација безбедно, без да се скршат. Леталото е вид на едрилица кое доаѓа без мотор и може единствено да лебди. Леталата ќе доаѓаат со едноставно упатство за склопување и нема да има потреба од претходни познавања да се склопат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии