Дрога, оружје, порнографија, хакерски алатки… сите овие работи можат да се најдат на скриениот Интернет

Интернет е можеби совршен за продажба на дигитална роба, но не само легална. Во последно време се повеќе корисници наоѓаат простор за илегална стока како фалсификувана роба, дрога и порнографија кои се вообичаени на црниот пазар, пишува The Verge. За жал новите дилери се почесто се луѓе без полициско досие или престап кои преку страни како Silk Road ја набавувват и препродаваат робата. Еден ваков пример е Пол Лесли Хауард кој е првиот осуден криминалец за трговија преку овој сервис. Интересно е што г. Хауард не е криминалец од кариера, туку едноставно поради лош период во животот останал без заработка. Откако се запознал со Slik road на дофат му биле LSD, амфетамини, марихуана, хероин и, како што вели самиот, најдобрата дрога во целиот град. Тој следните три години и шест месеци ќе ги помине во затвор.

Silkroad е сервис сличен на eBay, но за разлика од eBay, SilkRoad нуди илегана роба и тоа со анонимизација која ја обезбедува Tor. Како Amazon кога би продавал психотропни супстанци, вели Gawker кои се едни од првите кои ја посочија страната. Black Market Reloaded, Sheep Marketplace и BuyItNow се конкурентните страни, а заработката на Blackmarket е 400.000 долари месечно. На нив не се тргува само со дрога и оружје, туку тие се вистински рај за криминалците. Креирани за секоја нивна потреба, криминалците може да најдат фалсификувани валути, неоданочени цигари, порнографија, алат за хакери и слично.

Сите овие криминални страни се закачени на DeepWeb, скриената и анонимна страна на Интернетот. На вакви сајтови закачени на целосно анонимизирана мрежа, може да се купи се од порнографија до оружје, а криминалците не мора да се грижат дека ќе бидат цел на истрага. Иако идејата зад Tor е заштита на личните податоци, злоупотребата од страна на злонамерниците му носи озогласеност на сервисот. Се чини дека злонамерниците имаат „добри идеи“ за злоупотреба, па тоа што беше замислено како можност за активизам во репресивни држави, сега станува оружје во рацете на криминалците.

2 коментари на “Дрога, оружје, порнографија, хакерски алатки… сите овие работи можат да се најдат на скриениот Интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии